Папата Фрањо: Какво е нашето срце, постојано или превртливо?
Нека срцето на христијанинот биде постојано во Светиот Дух, а не срце кое игра од едниот крај на другиот, рече папата Фрањо на светата Литургија на 19 мај во капелата на домот Света Марта. Папата ја фокусира својата проповед на ликот на свети Павле кој бил способен постојано да евангелизира затоа што Светиот Дух го правел неговото срце постојано.
Какво е нашето срце? Папата Фрањо ја втемели проповедта на два збора: „движењето и постојаноста“ во срцата на христијаните. Започнувајќи со првото читање од Делата на светите Апостоли (Дела 14, 5-18) каде што се зборува за евангелизирањето на свети Павле меѓу паганите. Неговото срце е постојано, иако е во трајно движење. Апостолот на народите доаѓа од Иконија каде што сакале да го убијат, но не се жали поради тоа. Продолжува да евангелизира во Ликонија и во името Господово го оздравував фатениот. Паганите, гледајќи го тоа чудо заклучиле дека Павле и неговиот пријател Варнава се боговите Зевс и Хермес, кои слегнале на земјата. Павле се намачил додека им објаснил дека тие се само луѓе. Тоа се настани кои Павле ги доживувал:
„И ние доживуваме различни случувања, се наоѓаме меѓу различни настани кои нѐ носат од еден крај на друг. Но, молевме за милост на постојано срце како тоа на Павле: со цел да не се жали од прогонството отишол во друг град, таму започнал да проповеда, оздравел болен, сфатил дека тој човек има доволно вера за да биде оздравен, ги смирил тие еуфорични луѓе кои сакале да му принесат жртва, прогласил дека Бог е само еден, со јазик кој го разбираат тие луѓе. Сѐ, едно по друго… А тоа е можно само со постојано срце.“
„Каде било положено срцето на Павле, прашува папата Фрањо, па можел да направи толку промени за кратко време и да се соочи со ситуацијата на соодветен начин?“ Во Евангелието, вели Папата, Исус ни вели дека Светиот Дух, испратен од Отецот „ќе нѐ поучи во сѐ.“ А сите ние кои сакаме да пронајдеме упориште во својот живот, мораме да „одиме кај Него“. Тој е во нашето срце, го добивме со крштението.“
„Светиот Дух ни дава сила, ни ја дава таа цврстина за да одиме во животот напред“ и покрај многуте превирања. Папата истакнува како Исус за Светиот Дух кажува две работи: „Сѐ ќе ви каже и ќе ве потсетува.“ Тоа го преживева свети Павле: „Он поучува и потсетува на пораката на спасението.“ Светиот Дух дава сила на неговото срце:
„Врз основа на тој пример можеме да се запрашаме денес: какво е моето срце? Дали тоа изгледа како балерина кое трепери како пеперутка, денес му се допаѓа ова… оди, секогаш во движење; дали е срце кое е престрашено од она што донесува животот, се сокрива и се плаши да го сведочи Исус Христос; дали тоа е храбро срце, или е срамежливо срце што секогаш настојува да се засолни? За што се грижи нашето срце? На кое богатство се наврзало нашето срце? Дали тоа срце е закопано во созданијата, во проблемите? Дали тоа срце е утврдено во секојденвните богови или тоа срце е постојано во Светиот Дух?“
Папата истакна дека ќе биде добро да се запрашаме: „Во што е постојаноста на нашето срце.“ Истотака добро е да се сетиме на „секојдневните настани, дома, на работа, со децата, со домашните, со соработниците на работа, со сите:“
„Дозволувам ли тоа да ме носи или на сите настани пристапувам со постојано срце кое знае каде е? Само Светиот Дух дава постојаност на нашето срце. Добро ќе биде да размислиме за тој прекрасен дар, Исус ни го остави, за силата на Духот, советот кој ни помага да напредуваме во средината на секојдневието. Да ја направиме таа вежба денес, да се зпрашаме какво е нашето срце: дали е постојано или не? Ако е постојано, каде застанало? Во созданијата? Или во Светиот Дих? Тоа ќе ни користи“ заврши Папата.
РВ/Д.И.