Светиот Отец упати телеграма со сочувство за жртвите од атентатот во Берли до берлинскиот надбискуп Хајнер Кох. Телеграмата ја потпиша кардинал Пиетро Паролин, Папскиот државен секретар.
Светиот Отец длабоко трогнат дозна за ужасниот чин на насилство кој се случи во Берлин во кој освен големиот број ранети, загинаа и многу луѓе. Светиот Отец го покажува своето учество во жалоста изразувајќи го сопственото сочувство и гарантирајќи ја својата близина во нивната болка.
Загинатите во молитвата ги доверува на Божјото милосрдие, молејќи го Бог за оздравување на ранетите. Папата им благодари на службите за помош и безбедност за нивното делотворно заземање. Светиот Отец се придружува на сите луѓе со добра волја кои се желни убиственото лудило на тероризмот да не најде простор во нашиот свет. Во таа смисла, папата Фрањо од милосрдниот Бог Отец моли за утеха, заштита и утешителен благослов.
РВ/к.мк
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма за умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк