Кардинал Паролин во Јужен Судан: Злото го нема последниот збор

Кардинал Паролин во Јужен Судан: Злото го нема последниот збор

Продолжува посетата на државниот секретар кардинал Пјетро Паролин во Африка. Тој вчера за време на светата Миса во катедралата во Малакал на тамошниот народ му ја пренесе близината на Папата. Своите мисли посебно им ги посвети на илјадниците прогонети и молеше да престанат одмаздите.

Марија вознесена на небото е знак на утеха и надеж, и треба да гледаме на неа како ходочасници на земјата, додека ги доживуваме последиците од злото, како што е тековната војна во Украина, во Судан, како и во многу други делови на Африка, како што е злото од граѓанската војна што ја претрпе Јужен Судан, земја која се уште се бори да си ги залечи раните – ова се зборовите што државниот секретар на папата, кардиналот Пјетро Паролин, кои ги упати на жителите на Јужен Судан, за време на светата Миса, која ја славеше во вторник 15 август 2023 година, на празникот Вознесение на Пресвета Богородица во катедралата во Малакал, на вториот ден од неговиот престој во Јужен Судан.

Ова е негова трета посета на таа земја, по онаа во јули 2022 година и во февруари годинава, заедно со папата Фрањо. Кардиналот пристигна во главниот град Џуба на 14 август, доаѓајќи од Ангола, а во Јужен Судан ќе престојува до 17 август.

Ватикан њуз/к.мк

 

 

 

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот