Потребна е храброст за промена по пандемијата

Потребна е храброст за промена по пандемијата

Папата Фрањо преку видео порака се обрати до учесниците на Фестивалот на социјалната наука на Црквата кој се одржува во Верона од 25 до 28 ноември, и изрази благодарност за „обичните луѓе“ кои испишаа одлучувачки настани во нашата историја.

Лекари, медицински сестри и техничари, вработени во самопослугите, волонтери, монаси и монахињи – папата Фрањо на претприемачите, припадниците на слободните звања, економистите, претставниците на институциите и културите кои учествуваат на XI Фестивал на социјалната наука на Црквата, која започна на 25 ноември во Верона, им го даде примерот на тие „обични луѓе“ кои во времето одблежано од пандемијата го поддржуваат животот на сите и покажаа дека никој не може сам да се спаси.

Токму тој поим, „никој не се спасува сам“ кој неколку пати го повтори во акутната фаза на здравствената криза и кој потоа го запиша во енцикликата „Fratelli tutti“, папата Фрањо го повтори во видео пораката со која е отворен фестивалот кој ќе трае до 28 ноември. Во центарот на разговорите и размислувањата на тој настан се важни теми како што се образованието, културата, населеноста, мобилноста, работата, семејството, здравјето и геополитичките проблеми кои ги мачат земјите како Авганистан, Ирак, Сирија, Либанон и африканскиот континент.

„Смели во надежта – храбри во креативноста“ е темата на настанот за кој Папата се надева – како што вели во видео пораката – дека ќе доведе до градење на промени, затоа што знаеме дека од кризата не излегуваме исти: ќе излеземе или подобри или полоши. Смелост, надеж, креативност и храброста не се синоними, туку претставуваат поврзаност на намерите, крепостите, отвореноста и погледите на реалноста кои ја зајакнуваат човечката душа.

Пандемијата ни овозможи да цениме голем број сопатници и сопатнички кои во страв реагираа давајќи го својот живот. Успеавме да препорзнаеме дека нашите животи се испреплетени и дека ги поддржуваат обичните луѓе кои без сомнеж испишаа клучни настани во нашата заедничка историја: лекарите, медицинските техничари, медицинските сестри, фармацевтите, работниците во самопослугите, персоналот задолжен за чистење, негувателите, превозниците, мажите и жените кои работат на давање на основни услуги и безбедност, волонтерите, свештениците, монасите итн… – истакнува Папата.

Делото кое го направија тие мажи и жени во времето кое во корен ги промени обичаите и начинот на живот, потсетува на параболата за талентите опишано во Евангелието според Матеј. Станува збор за последната парабола пред текстот во кој се кажува дека ќе ни биде судено врз основа на милосрдието. (…)

„Кога остануваме повлечени во себе само со цел да го зачуваме постоечкото, за Евангелието сме губитници: навистина ќе ни биде одземено и она што останало. Смелост, надеж, креативност и храброст се зборови кои ја оцртуваат христијанската духовност.“ (…)

Папата видео пораката ја заврши потсетувајќи ги учесниците на фестивалот на повикот на основачот на тој настан. Продолжете да се залагате следејќи го патот кој дон Адријано Винченци со вас го зацрта со цел познавање и формација за социјалната наука на Црквата. Како што се вели во мотото на овогодинешниот фестивал: Било каде да сте, градете промена – поттикна папата Фрањо.

(…)

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот