Папата: Најслабите ја плаќаат сметката за денешните несреќи во светот

Папата: Најслабите ја плаќаат сметката за денешните несреќи во светот

Да молиме за милост и да имаме срце кое е слично на Божјото срце

Денешното време не се разликува од времето на општиот потоп – рече папата Фрањо за време на проповедта во домот Света Марта на 20 февруари 2019 година, потсетувајќи на страдањата на гладните деца и сирачињата, како и на најслабите и сиромашните кои ја плаќаат сметката поради несреќите во светот. Освен тоа, Папата поттикна да имаме срце кое е слично на Божјото срце, способно да се разлути и натажи; но пред сѐ да биде како брат кон браќата, татко кон децата; да имаме човечко и божествено срце.

Коментирајќи го првото читање од денешната Литургија, Светиот Отец нагласи две работи. Се осврна на Божјата болка заради лошотијата на луѓето и на Неговото покајување, што го беше создал човекот на земјата така што вети дека ќе го истреби од лицето на земјата. Тоа е Бог кој има чувство, не е апстрактен, идеите му се чисти и страда, а тоа е Господовото таинство.

Се работи за Божјите чувства, за Бог Отецот кој нѐ љуби; но може и да се разлути – рече Папата и нагласи: Тоа е Исус кој со страдањето на срцето ни го покажува патот. Нашиот Бог има чувства, нѐ љуби со своето срце, а не со идеите. А кога нѐ милува, нѐ милува со своето срце; кога нѐ удара, како добар отец, нѐ удара со своето срце и трпи повеќе од нас.

Тоа е однос на срце кон срце, син кон татко, кој се отвора, и ако Тој е во состојба да тагува во своето срце, и ние ќе бидеме во состојба да тагуваме пред Него – рече Папата и продолжи: Тоа не е сентименталност, тоа е вистина. Денешното време не е поинакво од времето на потопот. Тука се проблемите, несреќите, сиромашните, децата, гладните, прогонетите и мачените; луѓе кои умираат во војни, затоа што на нив фрлаат бомби како да се бонбони.

Не верувам дека нашите времиња се подобри од времето на потопот – рече Светиот Отец и додаде: Несреќите отприлика се исти и жртвите отприлика се исти. Размислете на пример за најслабите и децата. Колку деца има кои се гладни и без образование и не можат да растат во мир. Колку деца има без родители, затоа што загинале во војни. Колку деца има кои се војници…. Да помислиме само на тие деца. Потребно е да се бара милост за да имаме срце како што е Божјото срце, кое наликува на Божјото срце, срце на брат кон брат, татко кон децата и син кон родителите. Човечко срце како Исусовото божествено срце.

За големите несреќи и денешните војни во светот сметката ја плаќаат сиромашните децата, оние кои немаат средства за живот. Да помислиме на тоа дека Господ е тажен во своето срце и да му се приближиме и да разговараме со Него: „Господи погледни ги тие работи, те разбираме.“ Да го утешиме Господ: „Те разбираме и те придружуваме со молитва, на твоето застапништво во сите тие несреќи кои се ѓаволски плод со што сака да го уништи Божјото дело – рече на крајот од проповедта Светиот Отец.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот