Папата се сретна со вработените во Ватикан и нивните семејства

„Горделивоста ги претвори ангелите во демони додека понизноста ги прави луѓето еднакви со ангелите“, го цитираше папата Фрањо свети Августин на почетниот поздрав до вработените во Светиот Престол и нивните семејства, кои ги прими во понеделник 22 декември во салата Павле VI во Ватикан. По средбата со Римската Курија Папата сакаше да ги поздрави и оние кои работат во Ватикан, а кои не се гледаат: градинари, чистачи и чистачки, портири и сите други.

Првиот поттик на Светиот Отец беше дека треба да се грижиме за духовниот живот, односот со Бог, бидејќи „тој е носечкиот столб на сè што работиме и сè што сме. Христијаните кои не се хранат со молитва, светите Тајни и Божјото Слово неизбежно се слаби и овенуваат“. Вториот поттик: да се грижиш за семејниот живот, на децата не само да и даваш пари, туку пред сè време, внимание и љубов“. „Семејството е богатство, децата се богатство,“ нагласи Папата, додавајќи:

„(Има) едно прашање кое младите родители можат да си го постават: „Имам ли време да си играм со своите деца или секогаш сум зафатен, зафатена и немам време за децата? Ви го оставам вам тоа прашање. Да си играш со деца. Многу убава работа. Тоа значи да сееш за иднината.“ Третата точка на Папата беше: да се грижиш околу односот со другите, „да ја преобразуваш верата во животот и зборовите во добри дела, особено кон оние кои се во најголема потреба.“ Да се грижиш пак околу говорот значи да „го прочистуваш јазикот од навредливи зборови, вулгарности и светодвна декаденција.“

Понатаму Светиот Отец ја истакна грижата околу работата: „работи со ентузијазам, понизност, способно, страствено, со душа благодарна на Господ.“ Станува збор за лекување на зависта, алчноста, омразата и негативните чувства кои го голтаат нашиот внатрешен мир и нè претвораат во уништени луѓе.“ „Знам дека понекогаш за да се зачува работата, се озборува другиот за да се одбраниме. Ја разбирам таа ситуација, но, тоа не завршува добро. На крајот сите ќе бидеме уништени, сите меѓу нас, нели? И тоа не користи, туку треба да го молиме Господ за мудрост да знаеме навреме да си го гризнеме јазикот за да не кажеме навредливи зборови кои подоцна остваат горчлив вкус.

Папата повика да се „грижиме и за слабите браќа“, т.е. „да се грижиме за старите, болните, гладните, бездомниците, новодојдените, бидејќи по тоа ќе бидеме судени.“

Последната точка на Папата беше: да се грижиме Божиќ никогаш да не биде консумерско и комерцијално славење со непотребно расфрлање, туку да биде „прослава на радоста и прифаќање на Господ во јаслите и во срцето.“

„Еве вистински Божиќ: прослава на осиромашувањето на Бог кој се облагороди и зеде природа на добрата; Бог кој служи на трпезата; Бог кој сокри од мудрите и умните и им објави на малите, едноставните и сиромашните; Синот човечки Кој не дојде за да му служат, туку за да служи и да го даде својот живот за откупување за многумина. Но пред сè рече Папата – тоа е прослава на мирот кој го донесе на сите на земјата малиот Исус.“ „Не сакам да завршам со честитка, а од вас да не побарам простување за недостатоците – моите и на моите соработници – и за некои скандали кои направија толку зло. Простете ми“, рече папата Фрањо и заврши: „Среќен Божиќ, ве молам молете се за мене!“

РВ/Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот