Папата се моли за киднапираните православни епископи во Сирија

Ватикан 23.4.2013 /к.мк/ – „Киднапирањето на двајцата православни митрополити и убиството на нивниот возач од група вооружени лица, за време на нивната хуманитарна мисија е трагична потврда за драматичната состојба на населението во Сирија и христијанските заедници“. Ова го изјави во соопштението директорот на Ватиканската прес служба, отец Федерико Ломбарди по повод киднапирањето на православниот митрополит на Алепо Павле (Јазиги) и митрополитот на Алепо од Сиро-јаковитската црква Григориос Јохана Ибрахим, кое се случи вчера попладне во близина на сирискиот град Алепо. „Папата Фрањо беше информиран за овој нов драматичен настан кој се додава на зголеменото насилство во последните неколку дена и потребата од голема и итна хуманитарна акција – додаде отец Ломбарди. Папата продолжува да ги следи случувањата со длабоко сочувство и молитва за здравје и ослободување на двајцата киднапирани митрополити. Светиот Отец се моли и за напорите на целиот сириски народ, конечно да се видат ефикасни одговори на хуманитарната драма и реалната надеж за мир.

Категорија: Ватикан

За авторот

Write a Comment

<