Папата Фрањо: Христијанскиот живот и компромисите не можат да се спојат

Папата Фрањо: Христијанскиот живот и компромисите не можат да се спојат

Папата напомена дека не смееме да живееме лицемерно, туку мора да бидеме христијани и во конкретните прилики сведочејќи го Евангелието кое е во суштина љубов кон Бог и ближниот.

„Јас дојдов да фрлам оган на земјата и колку би сакал да се беше веќе разгорел“- се зборови од денешната Литургија со кои Исус ги предупредува на учениците дека е дојден моментот на одлука (Лк 12,49-53) – рече папата Фрањо пред молитвата Ангел Господов на 18 август 2019 година на плоштадот Свети Петар. Папата објасни дека Неговото доаѓање на светот се совпаѓа со времето на одлучни избори. Одлуката за Евнгелието не може да се одложи. За подобро да го разбереме тој негов повик се користи со сликата за огнот кој самиот дошол за да го донесе на земјата: „Јас дојдов да фрлам оган на земјата и колку би сакал да се беше веќе разгорел“ Целта на тие зборовите е да им помогне на учениците да се ослободат од секое однесување на мрзеливост, рамнодушност и затвореност за да го прифатат огнот на Божјата љубов која како што потсетува свети Павле „љубовта Божја се излеа во нашите срца преку Духот Свети“ (Рим 5,5).

Исус на своите пријатели, а и на нас ни ја откри својата искрена желба за да го донесе на земјата огнот на љубовта на Отецот кој ќе придвижи живот преку кој човекот се спасува – рече Папата и истакна, нѐ повикува во светот да го шириме тој оган, благодарение на кој ќе бидеме препознати како Негови вистински ученици. Огнот на љубовта кој е Христос преку Светиот Дух го запали во светот, е неограничен и универзален. Тоа се видело од првите денови на христијанството; сведоштвото за Евангелието се проширило како милосен оган, надминувајќи ја секоја поделба помеѓу поединците, општествените сталежи, народите и нациите. Тој оган го запали секој облик на посебност и ја задржа љубвта која е отворена за сите, давајќи предност на најсиромашните и исклучените.

Присоединувањето на огнот на љубовта кој Исус го донесе на земјата го опфаќа целиот наш живот и од нас бара поклонување на Бог и подготвеност за служење на ближните – рече Светиот Отец и напомена, да се поклонуваш на Бог значи да научиш да молиш, поклонувајќи се на Бог на што обично забораваме. Затоа ги повикувам сите да ја откријат убавината на молитвата Обожавање и тоа често да го прават. А потоа подготвеност за служење на ближниот. Со восхит мислам на многу заедници и групи на млади кои и во текот на летото се посветуваат на таа служба во корист на болните, сиромашните и луѓето со инвалидитет.

За да живееме преку духот на Евангелието секогаш е потребно пред новите потреби кои се појавуваат во светот да ги имаме Христовите ученици кои знаат да одговорат на нив, со новите иницијативи на љубовта – рече папата Фрањо и нагласи, така Евангелието навистина се покажува како оган кој спасува и го менува светот, започнувајќи од промените на срцето кај секој од нас. Од таа перспектива можеме да ја сфатиме и другото Исусово тврдење кое го донесува денешното Евангелие, а кое на прв поглед може да збуни: „Мислите ли дека сум дошол да дадам мир на земјата? Не, ви велам, туку раздвојување.“ (Лк 12,51)

Дошол со огнот да ги раздвои доброто од злото, праведното од неправедното – рече Папата и додаде, во таа смисла дошол да „раздвои“ односно да го „доведе во криза“ животот на своите ученици, но на здрав начин, разбивајќи ги ефтините измами на оние кои веруваат дека можат да го спојат христијанскиот живот и компромисите од секој вид, верската практика и однесувањето против ближниот. Се работи за тоа дека не можеме да живееме на лицемерен начин, туку дека мора да бидеме подготвени да ја платиме цената на изборот кој е во согласност со Евангелието.

Добро е себе да се нарекуваме христијани, но пред сѐ треба да бидеме христијани во конкретни ситуации, сведочејќи го Евангелието кое во суштина е љубов кон Бог и браќата. Нека Пресвета Дева Марија ни помогне да го очистиме срцето со огнот кој го донесе Исус за да можеме да Го навестуваме со својот живот преку одлучни и храбри одлуки – заврши Светиот Отец.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот