Папата на Ангел Господов: Сите сме грешници и Бог на секој му го нуди своето милосрдие

Во својот неделен говор на Ангел Господов во недела 7 септември 2014 година папата Фрањо повика на внимателно однесување при примената на братската опомена, потсетувајќи дека целта е секогаш доброто на другиот и дека сите имаме потреба од Божјото милосрдие, кое Господ е подготовен да го даде на сите. „Тема на Евангелието од оваа недела е братската опомена во заедницата на верниците“. Исус нѐ учи, ако нашиот брат погреши нешто против нас, треба да одговориме со љубов  и тоа лично да му го покажеме и да му кажеме насамо, а потоа – ако е потребно – и пред неколку сведоци или пред заедницата да разговараме со него. „Ако не ја послуша и заедницата, потребно е да се поттикне да почувствува разделба и одвоеност, кое самиот тој го предизивика, намалувајќи го заедништвото со браќата во вера“, истакна Папата и продолжи:

„Етапите на овој пат покажуваат колку труд Господ бара од заедницата во следењето на оној кој згрешил, за да не се изгуби. Пред сѐ треба да се избегнуваат оговарањето во заедницата“, нагласи Папата истакнувајќи дека треба да имаме грижлив став кон оној кој згрешил“, избегнувајќи ги зборовите кои можат да го повредат или да го убијат братот“ – како што е неправедната критика или оговарањето, истакна Папата.

Истовремено оваа грижа има за цел грешникот да не се укорува бескорисно. Во тоа светло треба да се сфати и понатамошните активности, кои вклучуваат присуство на сведоци, а потоа и самата заедница. Целта е да се помогне на братот да сфати што направи, но цел е и да ни се помогне на нас – да се ослободиме од лутината и замерките кои ги предизвикува злото. Колку е грозно да се слушне навреда од устата на еден христијанин. Да се навредува не е христијански“, нагласи Светиот Отец.

Потоа Светиот Отец потсети дека „во суштина пред Бог сите сме грешници, имаме потреба од простување. Братското служење во христијанска заедница е можно и корисно само ако секој се откаже од своите гревови и бара од Господ простување. Истата совест со која го препознавам гревот кај дургиот, првенствено ме потсетува дека и јас самиот сум грешник и толку многу грешам“!

Поради тоа на почетокот на светата Литургија секогаш сме повикани да признаеме пред Господ дека сме грешници. Ги признаваме своите гревови“ – истакна Папата – „и не говориме смилувај се на овој покрај мене или на оној таму“. Самиот Исус сите нас нѐ повикува – свети и грешни – на својата трпеза, собирајќи нѐ од различни животни ситуации. Има два основни услови кои треба да ги препознаеме за добар вовед во Литургијата: сите сме грешници и Бог на секој му го нуди своето милосрдие. Секогаш треба да се сетиме на ова пред да отидеме кај братот за да го опоменуваме. Сето тоа да го молиме по застапнитво на Блажена Девица Марија, рече на крајот папата Фрањо.

После молитвата Ангел Господов, Папата се освнра на ситуацијата во Источна Украина и ги повика сите да се бара мирно решение и со дијалог да допринесат за траен мир. Светиот Отец исто така, осудувајќи го секое насилство и молејќи за правда, својот глас го придружи со епископите од Лесото, кои повикуваат за мир во својата земја. На крајот Папата ги повика собраните верници да молат за него.

РВ/го*ко

2164

Категорија: Ватикан

За авторот