Во рамките на Конгрегацијата за наука на верата Папата формира посебна Комисија за решавање на жалбите

Во рамките на Конгрегацијата за наука на верата, Папата формира посебна Комисија за брзо решавање на жалбите во случаи на тешки злосторства. Комисијата ќе има седум членови, кардинали и епископи, кои според потреба, ќе гарантираат брзо решавање на жалбите во однос на злосторства придржани на Конгрегацијата за наука на верата.

Станува збор за злосторства против верата или злосторства против моралот. Злосторствата се опишани во мото проприо ‘Sacramentorum Sanctitatis Tutela’ од 30 април 2001 година, кој е дополнет на 21 мај 2010 година.

Со одредба од 3 ноември е формирана комисијата, за време на аудиенцијата кога го прими кардинал Питеро Паролин, државен секретар. Членовите на Комисијата и неговиот претседател ги именува Папата, а тие може и не мора да бидат соработници во Конгрегацијата за наука на верата. Новата Комисија ќе биде во служба на Конгрегацијата заради поуспешно разгледување на жалбите. Надлежноста на Конгрегацијата не се менува. Работата на Советот ќе биде одреден со посебен внатрешен правилник.

Одлуката на Папата е добро прифатена и се смета дека е добро решение и на тој начин ќе се олесни редовната работа на Конгрегацијата за наука на верата, а истовремено ќе се избегне насобирање на предметите – рече отец Федерико Ломбарди, диркетор на Канцеларијата за печат при Светиот Престол. Декретот стапува во сила од вторник 11 ноември 2014 година.

РВ/го*ко

Категорија: Ватикан

За авторот