Фра Франческо Патон повторно избран за Кустос на Светата Земја

Фра Франческо Патон повторно избран за Кустос на Светата Земја

Генералниот министер на Редот на малите фратри фра Масимо Фусарели, на 29 април 2022 година објави дека фра Франческо Патон повторно е избран за кустос на Фрањевската кустодија во Светата Земја, како и за гвардијан на манастирот Сион.

Фра Франческо беше кустос во последните шест години, а Генералниот дефинториј на редот му довери нов мандат до 2025 година.

Именувањето на кустосот во Светата Земја бара лична потврда од Светиот Отец затоа што Фрањевците служат таму со неговиот мандат. Затоа, папата Фрањо го потврди изборот на Генералниот дефинториј – објави Канцеларијата за печат на Светиот Престол.

Фра Франческо Патон е роден во Виго Меано во бискупијата Тридент на 23 декември 1963 година. За свештеник бил ракоположен на 26 мај 1989 година. За кустос на Светата Земја првпат бил избран на 20 мај 2016 година, наследувајќи го Пиербатиста Пицабала, денешниот латински патријарх на Ерусалим. Член е на италијанската провинција Свети Атнун, помали браќа.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот