Папата до локалните власти: Почнете од периферијата, бидете блиски со луѓето

Папата до локалните власти: Почнете од периферијата, бидете блиски со луѓето

Папата Фрањо во сабоа 5 февруари 2022 година во аудиенција ги прими претставниците на Државната асоцијација на италијански општини во аудиенција

Примајќи ја Државната асоцијација на италијански општини во аудиенција, папата Фрањо ги охрабри локалните власти да почнат од периферијата, не како форма на исклучување на другите, туку како начин на служење на сите. Не плашете се да инвестирате време слушајќи ги другите; останете блиску до луѓето, е поттикот на Светиот Отец.

Тоа беше можност за Светиот Отец, заедно со цивилните власти, да сподели моменти на размислување за нивната служба за одбрана и промовирање на општото добро во градовите и заедниците со кои управуваат. Со посебна благодарност, Папата потсети на напорите на градоначалниците и другите државни службеници за време на пандемијата, истакнувајќи дека нивното присуство е клучно за охрабрување на луѓето да продолжат да гледаат напред.

Сложена работа

Работата на цивилните власти е сложена. Моментите на утеха се придружени со многу тешкотии, истакна Папата. Од една страна, нивната блискост со народот е одлична можност да се служи на граѓаните кои ги сакаат поради нивното присуство меѓу нив. Од друга страна, Папата ја истакна осаменоста во одговорноста што понекогаш ја чувствуваат властите.

Луѓето често мислат дека демократијата се сведува на делегирање преку гласање, заборавајќи на принципот на учество, кој е клучен за доброто управување со градот. Се очекува градоначалниците да имаат решение за сите проблеми. Но, ова не се решава само преку финансирање, рече Папата, нагласувајќи ја важноста на мрежите за солидарност.

Размислувајќи за нивната служба, Папата нагласи, како што рече, три охрабрувачки зборови: татковство, односно мајчинство; периферија и мир.

На крајот Папата ги повика цивилните власти да останат блиску до народот. Постои искушението да се бега од одговорноста, рече Папата, истакнувајќи го примерот на свети Иван Златоуст, кој како епископ и црковен отец настојувал целосно да се предаде за другите, Тоа е учењето до кое треба да се придржуваме, особено кога сме во опасност да бидеме обесхрабрени и разочарани, рече Папата.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот