Молитва за 1 Светски ден на бабите, дедовците и старите лица е објвена и во видео-формат на социјалните мрежи, а првите редови ги предводи самиот папа Фрањо.
Светиот Отец преку видео во молитвата им се придружува на мажите и жените од целиот свет, а меѓу молителите е и монс. Лаурент Ноел кој со своите 101 година е најстариот епископ на светот.
Самата содржина на молитвата која во целост е достапна на страниците на Дикастеријата за лаици, семејство и живот, се истакнува благодарноста до Господ за сите благослови кои старите лица ги примиле низ животот – долг живот, семејството, радостите и потешкотиите, за остварените и уште неостварените соништа. Зголеми ја Господи мојата вера направи ме средство на својот мир, научиме да ги прегрнам оние кои стрдаат повеќе од мене, никогаш да не престанам да сонувам и да зборувам за своите чуда на новите генерации, напиша во молитвата, како и молба Господ да го заштити и води Папата и Црквата и да крај на пандемијата, војните и за утеха на сиромашните.
Свечената света Литургија на првиот Светски ден на дедовците, бабите и старите лица во базиликата Свети Петар во 10 часот ја предводи претседателот на Папскиот совет за промовирање на нова евангелизација надбискупот Рино Фисикела. Присуствуваа баби и дедовци во придружба на своите внуци, а меѓу нив се луѓе кои за прв пат ќе излезат од своите домови, откако повеќе од една година се во изолација предизвикана на пандемијата.
На крајот од светата Литургија предвидено е младите да им подарат на присутните баби, дедовци и стари лица цвет со геслото на 1. Светски ден – „Јас сум со вас во сите денови“.
Дикастеријата ги повикува сите, посебно младите, нека го прослават Светскиот ден со посета на дедовците, бабите и старите лица. Меѓу останатото на таков начин според одредбите на Апостолската милостилница може да се добие потполн опрост и посетата без разлика дали со физичко присуство или виртуелна може да биде прилика и за заедничко изговарање на претставената молитва.
Ватикан њуз/к.мк