Следете ја Исусовата ѕвезда, а не метеорите на задоволствата

Следете ја Исусовата ѕвезда, а не метеорите на задоволствата

Најпрво едноставно да се виде ѕвездата не е ниту малку лесна задача. Во животот често се задоволуваме со гледањето на земското: доволни ни се здравјето, нешто пари и малку забава – рече Светиот Отец за време на свеченото литургиско славење по повод празникот Богојавление.

Да се виде ѕвездата, да се тргне на пат, да се принесе дар: христијаните можат преку примерот на мудреците кои се упатиле кон новороденото Дете во витлеемските јасли да водат успешен живот. Папата Фрањо на верниците им го претстави тој пат за време на свеченото Литургиско славење по повод празникот Богојавление или Светите три цареви, кое го предводеше во базиликата Свети Петар.

Најпрво едноставно да се виде ѕвездата не е ниту малку лесна задача – рече Светиот Отец. Во животот често се задоволуваме со гледањето на земското: доволни ни се здравјето, нешто пари и малку забава. Но мудреците размислувале поинаку, тие препознале дека за вистинскиот живот потребна е возвишена цел и од таа причина треба погледот да го свртиме кон горе.

Папата предупреди на метеорите кои на момент заблескуваат, потоа брзо изгоруваат и кои не можат да служат како ѕвезда водилка: успехот, парите, кариерата, забавата, сите тие се ѕвезди кои паѓаат, а кои не водат, туку заведуваат. Господовата ѕвезда не блеска постојано, но секогаш е присутна. Таа ветува голема среќа, но бара напуштање на подрачјето на комотноста – рече папата Фрањо.

За да го пронајдеме Исус, потребен е секојдневен напор за одење. Ѕвездата бара да се ослободиме од бескорисниот товар и непотребните вишоци кои претставуваат пречки и да ги прифатиме непредвидливите бариери кои се појавуваат на животната карта. Стани и тргни; не чекај, туку осуди се; не биди неефикасен, туку оди напред. Исус поставува барања: кој го бара, Тој му предлага да го остави зад себе потпирачот на удобностите во овој свет и смирувачката топлина на својот камин. Да се следи Исус не значи да се следат добро уредени правила на однесување, туку тоа е пат кој треба да го преземеме. Тој напор, тие ризици ќе се исплатат преку секоја мерка – рече Папата – затоа што со пронаоѓањето на тоа Дете, на неговата нежност и љубовт, се пронаоѓаме самите себе.

Како што не е лесно да се виде ѕвездата, така не е лесно ниту тргнувањето – рече Светиот Отец. Ирод така се забарикадирал во својата палата, стравувајќи за својата моќ. Но, во случајот на првосвештениците и книжниците станува збор за суптилно искушение: на нив им е познато местото во кое Детето ќе дојде на светот, но не прават ниту еден чекор кон Витлеем. Тоа може да биде искушението на оние кои веќе долго време веруваат: остроумно расправаат за верата која толку добро ја познаваат, но не преземаат личен ризик за Господ. Зборуваат, но не се молат; мрморат, но не прават добро. Од друга страна, ѕвездознанците зборуваат малку, но патуваат многу. Евангелието ни раскажува дека дошле за да му се поклонат на новороденото Дете; тие тргнаа, влегоа во куќата, паднаа ничкум и му се поклонија; тие се вртија во својата земја – рече Папата.

Третиот чекор е „му принесоа дарови“. По долгото патување ѕвездознанците дошле кај Детето Исус и му пренесуваат три подароци: злато, темјан и смирна. Папата Фрањо смета дека сржта на тоа делување се наоѓа во тоа што станува збор за принесување на дарови, а притоа не се очекува ништо за возврат. Господ вели: Бесплатно примивте, бесплатно давајте! (Мт 10, 8) Тоа значи дека треба да правиме добро без пресметки, дури и тогаш кога никој не нѐ бара за тоа, па и тогаш кога тоа ништо не ни донесува, дури и тогаш кога е непријатно. Тоа е она што Бог го сака – рече Светиот Отец.

Он Кој стана мал заради нас бара од нас да им понудиме нешто на нашите најмали браќа и сестри – продолжи Папата објаснувајќи потоа кој се наши најмали браќа и сестри. Станува збор за оние кои не можат да дадат ништо за возврат; тие се оние во потреба, гладните, странците, затворениците, сиромасите (Мт 25, 31-46). Папата Фрањо така упати на делата на милосрдието: Да дадеш подарок кој му се допаѓа на Исус е да ги негуваш болните, да поминеш време со лице кое бара, да му помогнеш на човек без прикриен интерес, или да му простиш на некој кој те повредил. Тие се дарови кои бесплатно и слободно се даваат и кои не смеат да изостанат во христијанскиот живот – рече Светиот Отец и заврши: Да погледнеме денес во своите раце на кои често им недостасува љубовта и да размислиме за некој бесплатен подарок кој можеме да го понудиме, а ништо да не очекуваме за возврат. Тоа ќе му биде угодно на Господ. И да Го замолиме: Господи, помогни ни повторно да ја пронајдеме радоста на дарувањето!

РВ/к.мк

 

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот