Папата Фрањо: Бог е Отец

И Бог плаче: неговиот плачот е сличен на плач на татко кој ги љуби децата и никогаш не се откажува, дури и кога се бунтовни, секогаш ги чека – рече папата Фрањо на светата Литургија на 4 февруари во капелата на домот Света Марта.

Литургиските читања говорат за ликови на двајца татковци: Цар Давид ја оплакува смртта на погубениот син Авесалом, а Јаир настојник на синагогата го моли Исус да му ја оздрави ќерката. Говорејќи за Давидовото однесување, Папата рече дека победата над синот кој со сила сакал да го искористи царството не го интересирала. Војската на Давид победила, а него не го интересирала победата – „го чекал синот“! Го интересира единствено синот! Бил цар, поглавар на државата, но бил и татко. Кога стигнала вест за смртта на неговиот син, се стресол: се качил во горната одаја и се расплакал“ – рече Папата.

Влегувајќи говорел: „Сине Авесаломе! Сине мој! Сине, сине Авесаломе! О, да бев умрел јас наместо тебе, Авесаломе, сине мој, сине!“ Тоа е срце на татко, кој не го негира својот син. „Бил разбојник, непријател, но и мој син. „Давид не го негира татковството: плаче… Два пати Давид плачел поради синот: овој пат и тогаш кога син му умрираше од прељубата. И тогаш постел вршел покора за да го спаси животот на синот, Бил вистински татко – истакна папата Фрањо.

Вториот татко – продолжи Папата – е началник на синагогата; важна личност, но пред болеста на ќерата не се срами да падне ничкум пред Исус: „Ќерка ми е на умирање; дојди положи ги рацете над неа, за да оздрави и да биде жива!“ Не се срами, не мисли на тоа што би можеле другите да кажат, затоа што е татко. Давид и Јаир се татковци: за нив најважни се синот и ќерката. Не постои ништо друго, единствено тоа е важно! Ова нас нѐ потсетува на првите зборови кој ги говориме на Бог во Верувањето: Верувам во Бог Отец… Нѐ поттикнува на размислување за Божјото татковство. Таков е Бог! Таков е кон нас! – истакна Светиот Отец.

Но, оче, Бог не плаче! Како не? Да се сетиме на Исус кој плачел над Ерусалим: „Ерусалиме, Ерусалиме! Колку пати сакав да ги соберам своите деца како што квачката ги собира своите пилиња под крилјата“… Бог плаче! Исус плачел заради нас. А тој Исусов плач е слика на расплаканиот Бог, кој сака сите да бидеме со него – објасни папата Фрањо.

Во тешките моменти Отецот одговара, рече Папата наведувајќи го примерот со Исак кога отишол со Авраам за да му принесе на Бог жртва: „Исак не бил слабоумен; забележал дека носеле дрва и оган, но немало жртвено јагне. Во срцето носел мака!“ Што кажал…? „Оче!“ А таткото веднаш одговорил: „Еве ме сине мој!“ Така и Исус на Маслиновата гора во срцето носејќи мака говорел: „Оче ако е можно нека ме одмине ова чаша!“ И дошле ангели за да го охрабрат – рече Папата.

Таков е нашиот Бог: Он е Отец; Отец како таткото кој го чека блудниот син кој отишол со своите пари и со својот имот. Секој ден го чекал и гледал од далеку. Тоа е нашиот Бог! – рече папата Фрањо. Такво треба да биде татковството во семејството, како и духовното татковство на епископите и светштениците. Отецот поседува некој вид на помазание кое доаѓа од синот: без синот отецот не може да се сфати! Затоа му е потребен син: го чека, го љуби, му простува, сака да биде со него, како квачката со своите пилиња – објасни папата Фрањо.

На крајот на проповедта Светиот Отец ги сите поттикна: денес дома да се вратиме со овие две слики: сликата на расплаканиот Давид и сликата на началникот на синагогата, кој ничкум паѓа пред Исус, не стравувајќи дека ќе стане за потсмев за да му се смејат. Во прашање биле децата: син и ќерка: А со тие две слики да молиме: Верувам во Бог Отец… Да го молиме Светиот Дух да нѐ – затоа што само Он, Светиот Дух тоа го може – научи да говориме „Ава Оче!“ Со целото срце да можеме да говориме Оче, е милост од Светиот Дух. Од него ја бараме таа милост – заврши Светиот Отец.

РВ/Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот