Папата Фрањо на 12 февруари именува четири нови редовни членови на Папската академија за живот, тројца кои работат во Италија и една монахиња од Ел Салвадор.
Отец Паоло Бенанти предава морална теологија, биоетика и невроетика на Папскиот универзитет Грегоријана; сестра Маргарита Бофарул, РСЦЈ, од Монашката заедница Пресветото Срце Исусово, предава морална теологија на Универсидад де Салвадор; Гуалтиеро Валтер Рикиарди е раководител на катедрата на Католичкиот универзитет Пресвето Срце Исусово во Италија, а Марија Кјара Кароца предава индустриски инженеринг во Пиза.
На новите членови добредојде им посака надбискупот Винченцо Паглија и монс. Ренцо Пегораро, претседател и секретар на Папската академија за живот.
Ватикан њуз/к.мк
Фото: cathopic