Молитвена накана на папата Фрањо за февруари 2021 година

Молитвена накана на папата Фрањо за февруари 2021 година

Во центарот на молитвената накана на папата Фрањо за месец февруари 2021 година е насилството извршено врз жените и повика општеството да ги заштити и сите да ги слушнат и сериозно да ги сфатат нивните страдања

Различните форми на злоупотреба од кои страдаат многу жени се кукавички и понижувачки за целото човештво – рече Папата во видео пораката објавена на 1 февруари во Ватикан.

На снимката се гледа како жена се наоѓа во темен тунел и со рацете граба, вреска, но потоа некој подава рака и успева да се ослободи, а на крајот од тунелот се појавува светло.

Сведоштвата на жртвите кои се осмелија да зборуваат е крик кој не смееме да го игнорираме. Не смееме да го свртиме погледот – рече Папата.

Да се помолиме за жените, жртви на насилство, општеството да ги заштити и сите да ги слушнат и сериозно да ги сфатат нивните страдања –  повика Папата. И денес има жени кои страдаат од насилство – психичко, вербално, физичко, сексуално насилство. Забележлив е големиот број жени кои се претепани, навредувани, повредени – предупреди Папата и рече дека тоа е кукавичко и понижувачко за мажите и за целото човештво.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот