Папата: Да се служи на кревкоста на другите

Во проповедта на денешната Литургија која во пладневните часови – според нашето време – ја предводеше на плоштадот на Револуцијата во Хавана, Светиот Отец зборуваше за како да се биде „најголем“.

Во проповедта на 20 септември Литургија која во пладневните часови – според нашето време – ја предводеше на плоштадот на Револуцијата во Хавана, Светиот Отец рече како денешното Евангелие го опишува моментот во кој Исус на своите ученици отворени ги прашува за што се расправале по патот ( Мк 9, 33). Тие не даваат одговор, бидејќи им е непријатно, затоа што разговарале за тоа кој од нив е поголем. Со одговорот на ова прашање е обележана историјата на човештвото. Исус знае што му е на срцето на човекот. Неговото прашање нè следи низ целиот живот.

Господ не се плаши од човештвото ниту од прашањата кои тоа може да ги постави, а како добар педагог секогаш е подготвен да ни биде близу и да нè следи. Тој го знае „лекомислието“  на нашето срце и познати му се нашите прашања и склоности, но тој им дава еден нов хоризонт. Исус ја донесува логиката на љубовта, го отвора животот за секојдневието и хоризонтот на вечноста. Ни дава едноставен, но длабок одговор. „Кој сака да биде прв, нека биде последен од сите, и на сите – слуга“ – повтори.

Автентичниот пат се надминува во конкретниот однос со другите. Да бидеме внимателни на овој повик на служење. Кој сака да биде голем нека служи на другите, а не со другите да се служи! Служењето во поголем дел значи грижа за кревкоста на другите. Да се грижиш за слабите и кревките во нашите семејства, во нашето општество и во народот. Да се биде христијанин значи да се служи на достоинството на другите и да се живее за нивното достоинство. Треба да се спротивставиме на искушението на служење на себе самите – рече Папата.

Тој начин на служење секогаш го изостава она „твоето“ создавајќи така динамика на исклучивост. Христијанскиот повик напротив нè повикува да нè влеземе во овој затворен круг, туку да го следиме Исус понесувајќи го товарот на другите. Повикани сме да создадеме и да ја оживееме трансформацијата на човечкото однесување. Не станува збор за „сервилност“, туку спротивно од тоа станува збор за вистинско служење за доброто на другите, за доброто на братот, за близината која е промовирање на човечкиот живот.

Папата Фрањо ја нагласува реалноста на светиот Божји народ кој чекори по кубанското тло со сопствените чувства за славење, отворени раце и полни со надеж; свесен на големината на повикот како дар од Бог кој нè повикува на служење на браќата. Христијаните не се затвораат во поединечни проекти туку се сведоци на хоризонтот на служење кој на секое место создава честици на новиот свет бидејќи воскресението Господово веќе продре во сокриената драма на нашата историја. Да не ја зборавиме денешната Радосна вест: големината на народот или нацијата; големината на луѓето се гледа во начинот на кој се служи на кревкоста на своите браќа во кое што наоѓаме плодови на вистинската хуманост – заврши папата Фрањо.

По светата Литургија, пред молитвата Ангел Господов, Папата се осврна на тешкотиите на учениците да ја сфатат Исусовата мака и смртта на крстот. И ние сме во искушение да побегнеме од нашите крстови и да се повлечеме пред оние кои страдаат. Заради тоа на крајот на светата Литургија Светиот Отец молеше за заговор на Блажена Дева Марија за да можеме да бидеме блиски до сите патници. Така ќе сфатиме што значи да се биде „најголем“, да се биде заедно со Господ и да се има удел во Неговата слава.

Папата исто така ја спомна Колумбија која по децении вооружен конфликт бара да изгради мирно општество. На крајот ги поттикна собраните во молитвите да ги вклучат оние кои ја изгубиле надежта кои поднесуваат неправда кои се напуштени или осамени, како и семејствата кои поминуваат низ тешкотии.

РВ/Д.И.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк.
Категорија: Ватикан

За авторот