Папата: Да не се изолирамеод стравот пред тероризмот

Иако можеби сме со различна националност, култура и верски уверувања, обединети сме во заедничкото човештво и мисијата да се грижиме за општеството и создаденото. Тоа служење е посебно важно, затоа што многумина страдаат во војни и судири, поради присилно селење и миграција, како и економската несигурност. Мораме да дадеме конкретни знаци на солидарност со оние во голема потреба – рече Светиот Отец примајќи ги во четврток 19 мај во аудиенција амбасадорите на Естонија, Малави, Намибија, Сејшели, Тајланд и Замбија, по повод примањето на нивните акредативни писма.

Светиот Отец напомена дека многумина се изолираат од тешката реалност, стравувајќи од тероризам и дека сѐ поголемиот прилив на бегалци во основа ќе ја промени нивната култура, економска стабилност и начинот на живот. „Тоа се стравови кои ги разбираме и не можеме лесно да ги отфрлиме, туку на нив треба да се одговори на интелигентен и креативен начин, така што правата и потребите на сите ќе се почитуваат и ќе се придржуваат – рече папата Фрањо.

Светиот Отец ја истакна потребата да и се даде глас на луѓето кои се жртви на насилство или присилна миграција. Незаобиколен е патот на дипломатијата во решевањето на судирите – пред сѐ за одземање на оружјето на оние кои вршат насилство, како и потребата за завршување на трговијата со луѓе и дрога.

И покрај тоа што нашите иницијативи за мир треба да им помогнат на луѓето да останат во нивните татковини, сегашната ситуација не принудува да им помогнеме на мигрантите и оние кои се грижат за нив“, поттикнувајќи интеграција која ја почитува традицијата на мигрантите, но истовремено ја чува и културата на заедницата која ги прима, збогатувајќи ги двете страни“. Ова е од основна важност – рече папата Фрањо. На крајот потсети на христијанските и малцинските заедници кои се прогонувани заради своите уверувања, обновувајќи ја за нив својата молитвена подршка и солидарност.

РВ/го*ко

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Ватикан

За авторот