Папата го прими шпанскиот кралски пар
Во понеделник 28 април, Светиот Отец се сретна со шпанскиот крал Хуан Калрлос и кралицата Софија. Соговорниците ги истакнаа добрите односи помеѓу Светата Столица и Шпанија, кои постепено се подобрувани согласно договорите од 1979 година. Во тој контекст спомнати се актуелни прашања, кои се однесуваат на посланието на Црквата во општеството и ситуацијата во Шпанија. На почетокот се разменети мислења за меѓународната ситуација, со посебен осврт на сегашната криза – стои во објавеното соопштение.
РВ/го*ко
Категорија:
Ватикан