Мафијата мора да престане да ги злоупотребува народните побожности

Мафијата мора да престане да ги злоупотребува народните побожности

Папата Фрањо ја истакна поддршката за иницијативата на работната група на Папската меѓународна академија против мафијашките сојузи.

Папата сака конечно да престане со спорната мафијашка пракса која го користи ликот на Богородица, и воопшто бесрамно го присвојува религиското и културното наследство, што се противи на вредностите праведност, слобода, искреност и солидарност – истакна папата Фрањо во писмото кое на 19 август го пренесе италијанското списание „Maria con te”.

Папата изрично ја истакна поддршката до иницијативата на работната група на Папската меѓународна маријанска академија, која во соработка со полииијата и стручњаци од разни области, бара стратегија против влијание на мафијашките сојузи, како што се сицилијанската Коза Ностра, калабриската Ндрангета, наполската (регион Кампанија) Камора или апулиската Сакра корона унита.

Меѓу другото станува збор и за обичајот верниците во процесијата со ликот на Богородица да застанат и да се поклонат пред куќата на шефот на мафијата, нешто што Папата го смета за недозволива. За време на посетата во Палермо во септември 2018 година Папата го повика клерот „внимателно да бдее на народните побожности за да не ги искористува мафијата, затао што тогаш, неместо да биде средство за поклонување, станува средство за расипничко однесување.

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот