Порака на папата Фрањо во пресрет на канонизацијата на папата Иван XXIII

Знам колку го сакате папата Иван и колку многу тој го сакаше својот роден крај. Од денот на неговиот избор за папа, името Бергамо и Сото ил Монте станаа познати во целиот свет, а денес, повеќе од педесет години покасно, тие се поврзани со неговото насмеано лице и неговата татковска нежност.

„Ве повикувам да му заблагодарите на Господ за големиот дар на неговата светост за сеопштата Црква и ве поттикнувам да го чувате споменот на тоа тло на кое израсна: тло со длабока вера живеена во секојдневието, семејства со сиромашни материјални добра, но поврзани со Господовата љубов, заедница која со едноставност дели сѐ“, поттикнува папата Фрањо..

„Сигурно дека од тогаш светот се промени, предизивците поставени пред христијанската заедница се нови. Сепак наследството и денес може да ја поттикнува Црквата, која е повикана да ја живее слатката и утешната радост на евангелизацијата, да биде сопатничка на секој човек на неговиот пат, „селска чешма“, од која сите може да земат свежа вода од евангелието. Вториот ватикански собор е утро за обнова и посебно е голема радост што канонизацијата на папата Ронкали се случува заедно со канонизацијата на блажениот Иван Павле II, која таа обнова ја спроведуваше во својот понтификат“, истакнува Папата.

„Уверен сум дека и граѓанското општество ќе може да црпи надахнувања од животот на бергамскиот папа и средината во која се роди, барајќи нови начини, прилагодени на моментот, за изградба на соживот втемелен на неминливите вредности за братство и солидраност“, додаде папата Фрањо.

Пораката е објавена на страниците на весникот „Eco di Bergamo“, чиј ценет соработник беше младиот свештеник дон Анџело Ронкали. Кога службата го одведе далеку, секогаш примаше „Eco“, тој глас кој го потсетуваше на неговиот крај.

„Ве молам да молите за мене, а јас од своја страна го гарантирам својот спомен и молитва за сите вас, посебно за оние кои трпат, за болните – при тоа сакам да ја спомнам Градската болница која ја посветивте на папата Иван и за бискупската семинарија, која му лежи на срцето“, стои во пораката на Папата, упатувајќи и свој Апостолски благослов.

РВ/го*ко

Категорија: Ватикан

За авторот