Папата ги предводеше обредите на Велики Петок

Папата ги предводеше обредите на Велики Петок

Папата Фрањо на Велики Петок го предовдеше обредот на маката и поклонувањето на Крстот во базиликата Свети Петар, каде чудотворниот крст од црквата Свети Марсело беше покриен, а во текот на обредот откриен и беше одржано поклонување на крстот, но не и целивање на крстот.

Во сеопштата молитва се молеше за разни накани, посебно за жртвите на коронавирусот и за здравствените и останатите работници, кои настојуваат да ги спасат заразените. Следуваше размислување на проповедникот на Папскиот дом отец Раниеро Канталамеса кој истакна дека Христовиот крст ја промени смислата на сите видови човечки болки и страдања, оние физичките и оние моралните. Болката не е повеќе казна, ниту проклетство затоа што Синот Божји ја откупи и ја презема на себе. Пандемијата нè направи свесни дека уверувањето за семоќноста на човекот е илузија. Бог е нашиот сојузник, а не сојузник на вирусот. Тој плаче над камшикот кој го зафати човештвото. Отец Канталамеса ги повика одговорните да прекинат со вооружување. Микроскопскиот неодреден елемент нè направи свесни дека не сме бесмртни, дека воената сила и технологијата не можат да нè спасат, порача о. Канаталамеса. (…)

Божјото Слово ни зборува што прво мора да направиме во моментите како овие: да викаме кон Бог. Он самиот става на усните на луѓето зброви на крик, понекогаш тешки зборови, жалопојки и речиси осуди. „Разбуди се, зошто спиеш, Господи! Разбуди се, и не отфрлај нè засекогаш!“ (Псалм 43, 23) „Учителе, зар не Ти е жал што загинуваме?“ (Марко 4,38) Зарем Бог сака да Го молиме за да ни искаже добрина? Зарем нашата молитва може да ги промени Божјите планови? Не, но постојат работи кои Бог сака да ни ги додели како заеднички плод на своите благодати и на нашите молитви, како да сака да ја сподели со своето созданија заслугата на подареното добро (свети Тома Аквински, Summa Theologiae, II-IIae , q. 83, a.2).

Тој нè поттикнува: „Сакајте и ќе ви се даде; барајте и ќе најдете; чукајте и ќе ви се отвори“ (Матеј 7,7). Кога во пустината Евреите ги виделе змиите отровници, Бог му наредил на Мојсеј да подигне на стапот змија од бронза и било кој што ќе ја погледне да не умре. Исус презема траен симбол. „И како што Мојсеј ја подигна змијата во пустината, така треба да се издигне и Синот Човечки, та секој што верува во Него, да не загине, но да има живот вечен.“ (Иван 3,15)

И нас во овој момент нè касна невидлива „змија“ отровница. Да Го погледнеме Оној Кој е воздигнат за нас на крстот. Да Му се поклониме за нас и за целиот човечки род. Кој Го гледа со вера, не умира. А ако и умре, умира за влезе во вечниот живот. „На третиот ден по убивањето ќе воскресне“, навести Исус (Матеј 9,31). И ние по овие денови, се надеваме дека повторно ќе станеме и ќе излеземе од гробовите, кои сега се нашите куќи. Но, не за да се вратиме на поранешниот живот, како Лазар. Туку – за нов живот, како Исус. Живот кој ќе биде повеќе братски, повеќе човечки. Повеќе христијански!

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот