Папата го прими романскиот премиер Понта
Помеѓу Романија и Светата Столица постои корисна соработка по прашања за семејство, воспитување, верската слобода и зачувување на заедничките вредности. Тоа се и главните теми од разговорите на средбата помеѓу папата Фрањо и премиерот на Романија Виктор Понта, кого Светиот Отец го прими на 1 март 2014 година. Истакнувајќи ја можноста на Католичката црква да допринесе за општо добро на целото општество, стана збор и за некои отворени прашања кои се однесуваат на католичката заедница во таа земја – стои во соопштението. На крајот се разменети мислења за актуелната ситуација во светот, при што е повторена желбата да се оди по патот на дијалог и преговори за да се прекинат воените судири кои го мачат светот – се вели во соопштението.
По аудиенцијата кај папата Фрањо, на кој му беа пренесени поздравите од православниот патријарх Даниел, романскиот премиер разговараше и со папскиот државен секретар, кардинал Пјетро Паролин, како и со архиепископот Доминик Мамберти, секретар за односи со државите.
РВ/го*ко