Папата ги прими на аудиенција шпанските епископи

Црквата мора да биде во трајно послание, бидејќи Евангелието треба да се навестува храбро и истрајно – истакна папата Фрањо во говорот на 3 март пред шпанските епископи кои се во посета ‘ad Limina’, посакувајќи им успешна седница на Генералната конференција закажана за следната недела.

епископот нека не се чувствува сам, и нека не мисли дека е сам, а најмногу никогаш да не заборави дека стадото кое му е доверено е чувствително на Божјите работи. На тоа ги поттикна Светиот Отец шпанските епископи, синови на земјата – како што напиша Папата – која даде многу големи светци, додека сега трпи поради рамнодушноста на бројните крштеници, кои се пак деца на световната култура која го става Бога во приватниот живот и Го исклучува од јавниот живот.

Меѓутоа, над тоа е силата на Светиот Дух, Кој продолжува да сее благодат – забележа Светиот Отец и напомна – На вас епископите, ви е доверена задача со храбро и вистинско навестување на Евангелието да направите тоа семе да никне, со примерот, воспитувањето и својата близина внимателно да го следите нивниот раст, и да ги ускладите во заедништвото на Господовото лозје, од кое никој не може да биде исклучен.

Како и секогаш при повод на такви средби, папата Фрањо ја опфати целата реалност на тој народ и Црква која живее во него. Бидете способни да ги слушате сите луѓе, како Исус, од срце на срце, нежно и милосно, и да го барате она што навистина соединува и служи на взаемната изградба. Најмногу во моментот во кој – како што забележа Папата – не недостасува од тешкотии во преносот на верата, Светиот Отец ги поттикна шпанските епископи своите црковни заедници да ги стават во состојба на трајно послание, со поглед вперен кон најоддалечените и најмалите.

Поради тоа – упати Папата – посветете посебно внимание на постапката на христијанската иницијација, бидејќи верата не е едноставно културно наследство, туку дар кој произлегува од личната средба со Исус и од слободното и радосно прифаќање на новиот живот кој ни се нуди. Тоа пак бара непрекинато навестување и постојано поттикнување, како верникот би бил доследен на положбата на Божјо дете, која ја прими на Крштението.

Папата Фрањо побара пасторална близина за свештениците, семинаристите – како овие последните би имале добри воспитувачи и меродавни професори – и посебно за семејствата. Евангелизираното семејство – како што истакна Светиот Отец – е скапоцен покренувач на евангелизацијата, пред сè затоа што зрачи со убавините кои Бог ги направи во него. Освен тоа, бидејќи по својата природа тоа е подрачје на великодушност, ќе го промовира раѓањето на повици во наследувањето на Господ, во свештенство или во посветен живот – напомна Светиот Отец во говорот до шпанските епископи.

РВ/С.С.

Категорија: Ватикан

За авторот