Папата ги прими претставниците на Американскиот еврејски комитет

Наследството на взаемното познанство и пријателство помеѓу Евреите и католиците треба да се пренесува на новите генерации – истакна папата Фрањо говорејќи пред членовите на претставниците на Американскиот еврејски комитет, кои ги прими во Ватикан на 13 февруари.

Документот од Вториот ватикански собор ‘Nostra aetate’ за односот на Црквата кон нехристијанските религии и денес е главното упориште за односите со „нашите постари браќа“. Поаѓајќи токму од тој документ, Папапта говореше за духовното наследство „кое е темел на нашиот дијалог’. Папата се заблагодари на комитетот, бидејќи во текот на годините придонесе многу за зголемување на братството помеѓу Евреите и католиците.

Папата истакна дека Евреите и христијаните можат заедно да работат во изградбата на повеќе праведен и братски свет, посебно кога се во прашање сиромашните и страдалниците. Бог ни ја довери таа задача, значи тоа е верска обврска – истакна Светиот Отец.

Говорејќи за духовното наследство, Папата истакна дека треба на новите генерации да им се пренесе наследството на взаемното познавање, почитување и пријателство, кои се стекнати низ годините, благодарејќи на ангажирањето на организации, како што е вашата. Поради тоа сакам во семинариите и во центрите за формација на католичките лаици да се проучува односот со јудаизмот, а очекувам и во еврејските заедници и кај младите рабини да порасне интересот за познавање на христијанството – рече Папата.

Завршувајќи го говорот, Папата потсети на своето поклонение во Светата Земја, од 24 до 26 мај 2014 година. За неколку месеци ќе ја имама радоста да одам во Ерусалим, таму, како што вели псалмот, каде што сите сме родени и каде што еден ден сите народи ќе достигнат. Ве молам да ме пратите со вашите молитви, поклонението да донесе плодови на заедништво, надеж и мир. Шалом! – заврши Светиот Отец.

РВ/го*ко

1403

Категорија: Ватикан

За авторот