Папата Лав XIV ја прими на аудиенција во Ватикан претседателката на Република Исланд, која потоа разговараше со претставници на Државниот секретаријат.
Канцеларијата за печат на Светиот Престол во понеделник, 4 мај 2026 година, ја објави следнава изјава:
Утрово, Неговата Светост папата Лав XIV ја прими на аудиенција претседателката на Република Исланд, нејзината екселенција г-ѓа Хала Томасдотир, која потоа се сретна со Неговата Еминенција кардиналот Пјетро Паролин, државен секретар, во придружба на надбискупот Пол Ричард Галагер, секретар за односи со државите и меѓународните организации.
За време на срдечните разговори во Државниот секретаријат беше изразена благодарност за добрите билатерални односи, при што беше нагласен позитивниот придонес на локалната Црква во промовирањето на општото добро на општеството, особено меѓу младите.
Разговорот се фокусираше и на регионални и меѓународни прашања, особено на конфликтните ситуации, потребата од дијалог и перспективите за мир.
Ватикан њуз/к.мк

