Папата загрижен за ситуацијата во Белорусија

Папата загрижен за ситуацијата во Белорусија

Специјалниот пратеник на папата Фрањо, надбискупот Клаудио Гугероти се сретна со белорускиот претседател Александар Лукашенко во Минск на 17 декември и ја пренесе загриженоста на Папата за актуелната состојба во земјата, соопшти Канцеларијата за печат при Светиот Престол.

Надбискупот Гугероти, Апостолски нунциј во Велика Британија, беше нунциј во Белорусија од 2011 до 2015 година. Надбискупот Анте Јозиќ во септември ја презеде службата Апостолски нунциј во во Минск.

На почетокот на декември, белорускиот опозициски лидер Светлана Тихановска (38) побара поддршка од Папата. Во писмото до Папата од егзил во Литванија во име на белорускиот народ, таа го замолила „за молитви и зборови на вистината и праведност кој ќе биде благослов за сите“.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот