На 24 февруари 2018 година папата Фрањо во приватна аудиенција ги прими сопругот и најмладата ќерка на Асија Биби, христијанка од Пакистан, која веќе 9 години е во затвор поради обвинание за бласфемија, и Ребека Битрус, млада Нигеријанка, која две години била заробеничка на Боко Харам.
Средбата беше прекрасна – рече во разговор за Радио Ватикан Алесандро Монтендуро, раководител на италијанскиот огранок на Папската фондација „Помош за Црквата во неволја“, кој исто така беше присутен на аудиенцијата. Средбата траеше 40 минути, а во центар на разговорите беше верата и духовноста. И тоа не само духовноста на Светиот Отец, туку и на оние млади девојки кои страдаат, како и на сопругата Асија Биби – истакна Монтендуро и додаде: Молевме заедно со Светиот Отец. Сакаше да молиме заедно, секој на својот јазик.
Еисхам, ќерката на Асија Биби пред патувањето во Рим ја посетила својата мајка во затворот – напомена Монтендуро. И кажала дека оди во Рим, дека ќе се сретне со Папата, дека Колосеумот ќе биде осветлен со црвно светло и дека свеото ќе мисли на неа. Мајка ѝ одговорила: Ако се сретнеш со Папата, бакни го во мое име.
Монтендуро истакна дека Светиот Отец ги нарече Асија Биби и Ребека Битурис „жени маченички“, прекрасни жени маченички, кои се пример за цивилизацијата која се плаши од болки.
РВ/к.мк