Епископот Стојанов служеше Молебен во Паљурци

Епископот Стојанов служеше Молебен во Паљурци

Во попладневните часови на празникот Свети Петар и Павле, 12 јули 2023 година, Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко – скопски епарх во заедништво со свештеници од Струмичко – скопската епархија во Паљурци служеше молебен до Пресвета Богородица, на темелите на црквата Свети Павле, која треба да се гради. И покрај жешкото време на Молебенот присуствуваа верници од повеќе парохии.

За време на Молебенот епископот Стојанов се обрати до верниците со пригодно слово, во кое поттикна на размислување и да бидеме свесни дека се наоѓаме на исклучително свето место, низ кое чекорел свети апостол Павле за време на неговите патувања низ Македонија, светите Кирил и Методиј, кој се родени недалеку од Паљурци, слугата Божји Јосиф Алоати – основател на сестрите Евхаристинки. Владиката Стојанов посебно се фокусираше на Пресвета Богородица, охрабрувајќи ги присутните да продолжат да се молат на ова место, а се осврна и на феноменот од пред една година, кога црквата на „Чуката“ беше обивена во силна светлина.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот