Осврт на патер Ломбарди за светата Литургија на Папата со Исусовците
Голем број на Исусовци беа присутни на света Литургија, а меѓу нив и генералниот поглавар на Дружбата Исусова, патер Адолфо Николас. Осврнувајќи се во разговорот за Радио Ватикан за атомосферата во која е славена светата Литургија, директорот на канцеларијата на печат при Светата Столица патер Федерико Ломбарди, кој исто така е исусовец и беше присутен на евхаристиското славење рече дека атмосферата многу радосна.
Треба да се земе во предвид дека денес е празникот на Името Исусово, значи празник на Дружбата кој е посветена токму на Името Исусово; поради тоа е многу убаво што можевме овој празник да го прославиме заедно со Светиот Отец, и уште повеќе бидејќи неодамна беше прогласен за светец Петар Фабро, прв собрат на свети Игнациј. Тоа ни помогна повторно да го доживееме првотната инспирација на Дружбата Исусова, неговото посветување на апостолатот, кој длабоко го надахна со неговата љубов кон Христос – истакна патер Ломбарди.
Во проповедта на Папата доминираа две теми: Името Исусово како такво и ликот на свети Петар Фабро, како личност со големи желби. Во духот на свети Петар Фабро негувањето на желбата на другите да им помогне да го запознае не само Името Исусово, туку Божјата љубов, па и во тешките прилики во кој делувал, во времето на поделба меѓу христијаните. Значи тоа го правеше со чувство за помирување, благост, што е карактеристично обележје на тој светец, кој гледајќи од надвор не правел големи работи, но правеше многу големи од поглед на духовноста, делувал во срцата, запознавајќи ги скараните луѓе со Божја љубов и помирување, токму преку силата на таа љубов – истакна патер Ломбарди.
На забелешка од новинар дека Папата рече како исусовецот е немирен човек, патер Ломбарди го истакна динамизмот како обележје на духовноста на Дружбата Исусова. Да се бара и пронајде Господ и неговата волја и тоа не за да запреме, туку да продолжиме да го бараме. Кога еднаш ќе го пронајдеш Господ, Тој те изненадува и те повикува понатаму до таа точка на која си стигнал – напомена патер Ломбарди и додаде – Бог кој е богат со изненадувања, за што Папата често пати говори, тоа е навистина познавање на Бог кое е својствено на динамичката духовност, духовност која оди, како што е таа на Дружбата Исусова и на Петар Фабро, кој беше ходочасник во служба на Господ, во Европа во тогашно време.
По завршувањето на светата Литургија Светиот Отец се задржа со своите собраќа, кои – како што рече патер Ломбарди – се собраа по овој прекрасен повод и ги поздрави секој посебно, со што го покажа своето длабоко духовно братство.
РВ/го*ко