Папата Фрањо во петок 12 февруари 2021 година во Ватикан ги прими претставниците на Европскиот институт за меѓународни студии и кардиналот Андерс Арборелиус.
Папата ги повика европските академици и дипломати на соработка која ги надминува културните и верските граници. Тој предупреди дека пандемијата со коронавирусот ја покажа очигледната неопходност од културата на средба за целото човештво. Тој повика да бараат заеднички јазик, да градат мостови и да започнат проекти во кои ќе бидат вклучени сите луѓе, посебно најсиромашните. Културата на средба ги поставува темелите за обединет и помирен свет; само тоа води кон трајна правда и мир за сите и вистинска грижа за нашиот „заеднички дом“ – планетата Земја – рече Светиот Отец.
Шведската делегација му подари на Папата книган со наслов „Култура на средби – меѓународни односи, меѓурелигиски дијалог и мир“, која е резултат на Конференцијата во Стокхолм во 2019 година. Папата му се заблагодари на кардиналот Арборелиус за поддршката на локалната Црква за оваа иницијатива, која „промовира религиски дијалог во служба на единството на човечкото семејство“.
Европскиот институт за меѓународни студии, со седиште во Стокхолм и архиепископот на главниот град на Шведска, кардинал Андерс Арборелиус, започнаа соработка во 2018 година со образовната фондација „Scholas Occurentes“, основана од папата Фрањо како надбискуп на Буенос Аирес. Денес е призната како Папска фондацијата „Scholas Occurentes“ и го промовира образованието во 190 земји преку нови технологии, спортови и уметности, особено меѓу најсиромашните, а папата Фрањо продолжува да ѝ посветува многу време.
Ватикан њуз/к.мк