„Не“ на општествената неправда; треба да се слуша гласот на сиромашните
Се надевам дека пророчкиот повик на филипинските епископи ова година да биде „горина на сиромашните“ ќе биде поттик за сите, на секое ниво на општеството, да се отфрли секој облик на корупција која ги одвраќа средствата од сиромашните. Нека го вдахне и настојувањето да се осигури вклученост на сите луѓе во животот на заедницата – порача папата Фрањо по повод средба со филипинските власи и дипломатскиот кор во Манила на 16 јануари 2015 година.
Папата како и во Шри Ланка истакна дека неговата посета на прво место е пасторална – во склоп на подготовката за прослава на пет века навестување на Евангелието на Филипините. Христијанската порака има посебно влијание врз филипинската култура. Се надевам дека овој важен јубилеј ќе укаже на нејзината понатамошна плодност и способност да го надахнува општеството кое е достојно за добрина, достоинство и надежите на филипинскиот народ – рече Светиот Отец.
На посебен начин со неговата посета сака да ја изрази близината на сите кои страдат од уништувањето кое го предизвика тајфунот Јоланда. Папата Фрањо рече дека пред таквата природна катастрофа многумина покажале херојска сила и вера – крепости кои се вкоренити во христијанската вера. Во моментите на криза, многумина го жртвувале своето време и средства за да му помогнат на ближниот; создавајќи мрежа на меѓусебна помош и работејќи за заедничко добро. Филипините се пред предизвикот на изградба на цврсти темели на модерно општество кое ги почитува вистинските човечки вредности – продолжи Папата. Заради тоа е неопходно политичките водачи да бидат посебни во искреноста, важноста на карактерот и посветени на заедничкото добро. Важен елемент за остварување на општество со вистинска правда, солидарност и мир е гарантирањето на општествената праведност и почитување на човековото достоинство – смета папата Фрањо.
Големата библиска традиција на сите луѓе им наложува должност за слушење на гласот на сиромашните. Нè поттикнува да ги уништиме рамките на неправдата и угнетувањето кои предизвикуваат очигледни и всушност скандалозни општествени нееднаквости – истакна Светиот Отец, додавајќи дека реформата на општествената структура која го одржува сиромаштвото и исклучувањето на сиромашните во прв ред бара преобраќање на умот и срцето.
Основна улога во обновата на општеството имаат семејствата. Во семејствата децата учат за правилните вредности, високите идеали и вистинската грижа за ближниот. Но, како и сите Божји дарови, семејството може да се осакати и уништи. Потребна е нашата поддршка – нагласи папата Фрањо, потсетувајќи дека може да биде тешко во денешните демократии да ги сочуваш и одбраниш основните вредности како што е неповредливото достоинство на човекот, почитување на совеста и верската слобода и неотуѓивото право на живот – почнувајќи од неродените, па се до старите и болните.
Папата на крајот го истакна промовирањето на дијалогот и соработката меѓу луѓето со различна религија, изразувајќи надеж во праведни решенија за сите – вклучувајќи ги и домородците и верските малцинства – и повикувајќи за целиот филипински народ Божји благослов.
РВ/Д.И.