Папата: Тврдото срце ја губи верноста

Папата: Тврдото срце ја губи верноста

Треба да се слуша гласот на Господ за да не стане нашето срце тврдо и како не би ја изгубиле довербата. Бог е милосрден и нѐ повикува да му се вратиме со целото свое срце

Папата Фрањо во четврток 28 март 2019 година на проповедта за време на светата Литургија силно повика на преобраќање. Осврнувајќи се на библиските читања од Литургијата предупреди: Да се има срце кое не го слуша гласот Господов и тоа да се прави со денови, месеци и години, начи да се биде како земја без вода која се стврднува. Кога на таков ќе му се случи нешто кое не му се допаѓа, го клевети Господ и му ја скратува довербата. Во денешното евангелие Исус е јасен: „Кој не е со мене, тој е против мене“ (Лука 11,23). Или имате послушно срце, или сте ја изгубиле верноста.

Често сме глуви и не го слушаме гласот Господов – рече Папата и додаде: Вестите и оговарањата од соседството секогаш ги слушаме. Меѓутоа, Господ нѐ поттикнува да го слушаме Неговиот глас како нашето срце не би стврднало. Првото читање од книгата на пророкот Јеремија (7,23-28) го опишува токму таквото искуство на Господ со тврдоглавите луѓе, кои не сакаат да слушат. Господ малку се жали. Нареди на народот да го слуша Неговиот глас, му ветува дека секогаш ќе биде негов Бог, истакнувајќи дека тој ќе биде негов народ.

Но народот не го послуша, имал затворени уши, напротив продолжи тврдоглаво според своето лошо срце, наместо да се преобрати кон Господ, тој му свртува грб – реча Светиот Отец, барајќи од сите да го слушаат она што Господ го вели и да размислат, дали не сме го направиле и ние истото, и предупреди: Господ не прифаќа однесување кое вели: повеќе го сакаме тоа; Бог постои, но јас ќе ги правам моите работи. Имено Бог во првото читање потсетува како по излегувањето од Египет грижливо ги праќа своите слуги и пророци, но не го слушале. Напротив, своето уво не го наклониле, туку станале тврдоглави, полоши дури и од нивните татковци. Кога ќе им ги кажуваш сите овие зборови, тие нема да те послушаат; и кога ќе ги викаш, тие нема да ти се одѕиваат – цитира Папата и тажно истакна: Верноста исчезна.

Тоа е народ без верност, кој ја изгуби смислата за преданост – рече папата Фрањо и напомена: Тоа е прашање кое Црквата сака секој од нас денес да си го постави: Дали ја изгубив верноста кон Господ: Не, одам секоја недела на Литургија, Тоа е во ред, но се работи за верност на срцето. Дали ја изгубив таа верност; дали моето срце е тврдо, тврдоглаво и глуво? Ако не го прима Господ, дали само се снаоѓа и после тоа прави она што сака: Тоа е прашање за секој од нас.

Сите мораме да си го поставиме тоа прашање, затоа што Великиот пост служи за преиспитување на сопственото срце – рече Папата и продолжи: Слушнете го денес Неговиот глас, не бидете со тврди срца – тоа е повикот на Црквата. Кога некој живее со тврдо срце, не го слуша Господ, и оди понатаму од тоа. Кога има нешто што доаѓа од Господ, нешто што не му се допаѓа, го остава Господ настрана со некое оправдување, губејќи ја довербата во Господ, го клевети и оговара.

Тоа е она што се случило со Исус и луѓето – рече Папата и објасни: Исус правел чуда, лекувал болни како би ја покажал својата моќ дека може да ги лекува нашите души и срца. Како одговориле тие тврдоглави луѓе? Гони ѓаволи, преку Велзевул, началникот на ѓаволите! Губење на довербата во Господ е претпоследен чекор за отфрлање на Господ. Првиот е да не се слуша, дозволувајќи срцето да стврдне и потоа да се скрати довербата. Недостасува само последниот чекор после кој нема враќање, затоа што тоа е богохулење против Светиот Дух.

Исус се обидува да ги увери, но не успева – рече Папата и како пророкот истакна дека „верноста исчезна“ и додаде: Исус заврши со друга реченица која може да ни помогне: „Кој не е со мене, тој е против мене“. Не јас сум со Исус, но на одредена оддалеченост, не му се приближувам премногу. Тоа не е можно. Или сте со Исус или сте против Исус, или сте верни или не сте верни, или имате послушно срце или сте ја загубиле верноста. Секој од нас денес нека размисли каква е неговата верност? Дали бараме некое оправдување како би ја одбиле или скратиле довербата во Господ? Не губете ја надежта, затоа што тие два израза „исчезна верноста“ и „кој не е со мене, тој е против мене“ уште ни даваат надеж.

Потсетувајќи дека сме повикани да се вратиме кај Господ, како што нѐ поттикнува антифонот пред евангелието: „Вратете ми се со своето срце, вели Господ, затоа што јас сум милосрден и милостив“. Папата рече ако нашето срце е тврдо и ако многу пати сме ја скратиле довербата во Господ за да не го послушаме, сепак има уште време. Господ вели: Вратете ми се со своето срце, вели Господ, затоа што јас сум милосрден и милостив, сѐ ќе заборавам. Важно ми е да дојдете кај мене. Тоа е она што е важно, сѐ друго заборавете – рече на крајот Папата и заврши: Ова е време на Господовото милосрдие, да му го отвориме срцето како би дојдел во него.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот