Папата го честита Божиќ на христијаните од Исток

Папата го честита Божиќ на христијаните од Исток

Во апелите по молитвата Ангел Господов во недела 7 јануари 2024 година, Папата побара ослободување на заложниците во Колумбија и поттикна да молиме за мир во Украина, Светата Земја и целиот свет. Ја изрази својата близина со населението на Република Конго погодено од поплави и ги упати своите најдобри желби до христијаните кои според јулијанскиот календар денеска го слават Божиќ

Поттик за молитва за безусловно ослободување на сите киднапирани во Колумбија, испрати папата Фрањо од прозорецот на Апостолската палата во пладневното обраќање по молитвата Ангел Господов на празникот Крштение Господово:

Овој гест, кој е должност пред Бога, ќе ја поддржи и климата на помирување и мир во земјата.

Мир во Украина, на Блискиот Исток и во целиот свет

Светиот Отец повторно повика на мир, мислејќи на Украина, Израел, Палестина и целиот свет.

Поплави во Конго

Потоа ја изрази својата близина со Демократска Република Конго поради поплавите предизвикани од обилните дождови кои минатата недела, според официјалните податоци, предизвикаа најмалку 300 смртни случаи и уништување на 43.750 куќи. Во земјата владее голема тревога поради ризикот од епидемии поврзани од недостаток на санитарни услови и чиста вода.

Божиќна честитка до христијаните од исток

Покрај тоа, папата Фрањо ги упати своите најдобри желби до христијаните од Исток кои го следат јулијанскиот календар и денес го слават Божиќ во – како што рече – духот на радосно братство:

Сакам раѓањето на Господ Исус да не исполни со светлина, љубов и мир.

Потсетувајќи се на децата кои ги крсти во Сикстинската капела, Римскиот бискуп поттикна на молитва за нив и нивните семејства, како и за сите деца кои деновиве ја примаат Светата Тајна Крштение.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот