Нема ракополагање на жени во Католичката црква

Нема ракополагање на жени во Католичката црква

Папата Фрањо на 1 ноември 2016 година имаше прес-конференција во авионот на која говореше за голем број теми. Прво говореше за прифаќањето на бегалците и мигрантите. Тој го пофали примерот на Шведска за гостопримството кон бегалците.

Светиот Отец порача дека „секоја земја треба да ги прифаќа бегалците до таа мерка до која може да ги интегрира,“ а ако може да направи повеќе од тоа нека направи. Предупреди дека не е „човечки да се затворат границите и срцата“, но исто така укажа на претпазливост во примањето на бегалците преку мерката за можност за нивна интеграција во таа земја.

Новинарка од Шведска го праша Светиот Отец за ракополање на жените, на што тој ѝ одговори дека „конечната пресуда по ова прашање е јасна,“ а ја изрече свети Иван Павле II и „понатаму е на сила.“ Но исто така порача дека Црквата има две димензии: Петрова и Богородична. Самата црква е женска и без богородичната димензија таа не би можела да постои. Освен тоа Светиот Отец се осврна и на харизматската обнова внатре во Католичката Црква која следната година во Рим ќе одбележи 50 години од своето постоење. Се присети дека провинцијалот на аргентиската провинција на Дружбата Исусова бил против харизматската обнова, но со текот на времето го променува своето мислење: „Поминав низ процес на препознавање на добрата кои Обновата ги донесе на Црквата“, порача Папата.

Во контекст на екуменизмот папата Фрањо говореше за иницијативите кои ги преземал како надбискуп, а подоцна како Папа за да ги зацврсти и да ги подобри односите со Евангелистичката црква во Аргентина, односно со валденизмот во Италија.

Папата говореше и за феноменот секуларизација кој претставува голем предизвик за денешна Европа. Папата верува дека до секуларизација доаѓа кога верата станува млака и рече дека секуларизацијата е многу силна во многу култури. Исто така предупреди за последиците од „духовната световност“ за Црквата.

На прашање за злото на трговија со луѓе – за што неодамна во Ватикан дискутираа учесниците на конференцијата на групата Света Марта – папата Фрањо се присети на своето искуство во Буенос Аирес. ИСтакна дека бил трогнат кога од прва рака му е посведочено за страдањата на жртвите со трговијата на луѓе. Исто така ја пофали работата на многу добротворни здруженија во Италија кои се борат против тоа зло.

Папата потврди дека од Светиот Престол е побарано да посредува помеѓу претседателот на Венецуела Николас Мадуро и опозицијата и нагласи дека единствениот пат за излегување од кризата за таа земја е патот на дијалогот. На крајот папата Фрањо порача дека „речиси е сигурно“ дека следната година ќе ја посети Индија и Бангладеш, но деталите за патувањето сѐ уште не се познати.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма за умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот