Папата ги прими претставниците на Папал Фондацијата

На 2 мај Папата ја прими бројната делегација на Папал Фондацијата, католичко здружение кое 25 години во име на Папата помага на каратативно поле во целиот свет.

На преставниците на фондацијата папата Фрањо се заблагодари за помошта на образовно, каритативно и пасторално поле во земјите во развој, како и на нивната парична помош за лаиците, свештениците и монасите, при нивното стручно усовршување во Рим. Вие на тој начин придонесувате за образување на новите генерации водители на заедниците, кои со умот и срцето се обликувани според вистината на Евнагелието, мудорста на Социјалната наука на Црквата, како и длабокото чувстов за заедништво со општата Црква , која е во служба на целото човечко семејство – рече Светиот Отец.

РВ/го*ко

Категорија: Ватикан

За авторот