На Велики Четврток епископот Стојанов ќе служи света Литургија во Катедралната црква во Струмица

Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Апостолски егзарх во Македонија на Велики Четврток, 9 април 2015 година со почеток во 10.00 часот во Катедралната црква „Успение на Пресвета Богородица“ – Струмица ќе служи света Архиерејска Литургија во заедништво со свештенството од Апостолскиот егзархат во Македонија.

За време на светата Литургијата епископот Стојанов ќе го посвети светото Миро и ќе го изврши обредот миење нозе.

к.мк/го*ко

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Македонија

За авторот