Донација од градоначалникот Ванчо Стојанов за Црквата во Нова Маала

На 27 август 2014 година градоначалникот на општина Василево, г-н Ванчо Стојанов со сопругата Роза присуствуваа на Вечерната молитва, при што даде ветување дека ќе подари клима уред за црквата во Нова Маала.

Веќе на 29 август 2014 година климата беше поставена во црквата “ Успение на Пресвета Богородица” во Нова Маала. По тој поводградоначалникот Ванчо Стојанов со сопругата Роза беа присутни со екипата која ја монтираше климата, обезбедена од сопствени средства на семејството Стојанови.

Ова е уште една потврда за взаемна соработка помеѓу  градоначалникот  и месното население.

о.С.Р.

Категорија: Македонија

За авторот