Надбискупот Ауза за очекувањата од посетата на Папата на ООН

Светиот Отец наскоро ќе ги посети Обединетите нации во Њујорк. Очекувањата од тој настан уште повеќе се зголемија по објавувањето на енцикликата на папата Фрањо „Laudаto sì“ која е многу добро прифатена во целиот свет.

Надбискупот Бернардито Ауза, постојан набљудувач на Светиот Престол во ООН во Њујорк, во разговор за Радио Ватикан најпрво се осврна на енцикликата.

Веднаш сакам да истакнам дека сум многу задоволен од позитивните реакции во однос на енцикликата: сите за неа зборуваа и пред објавувањето, а посебно зборуваат сега. Дипломатот на една важна држава во текот на разговорот за одржливиот развој рече: „Овде сме зафатени со напорни преговори, многу време вложуваме во подготовката на завршниот документ, а сепак изгледа дека работата многумина не ги интересира; напротив, сите или скоро сите, барем нешто знаат за енцикликата“.

Мислам дека од тие негови зборови се гледа колку интересирање побудува енцикликата, исто така и во ООН. Тврдам дека сум многу задоволен, бидејќи за време на неодамнешните разговори за „Програмата за одржлив развој по 2015 година“ бројни дипломати ја цитираат енцикликата „Laudаto sì“. Сведок сум дека многу добро е примена во ООН, истакна надбискупот Ауза.

На прашањето за очекувањата од посетата на Папата на Обединетите нации, надбискупот Ауза рече дека постои огромен интерес за тој настан. Од сите страни доаѓаат барања за влезници, на кои за жал, не можеме да им удоволиме. Во ООН секој ден зборуваме за тоа, а веќе и имаме протоколарни средби за да видиме како најдобро да одговориме на бројните очекувања и барања, барем од оддалеку да се види Светиот Отец. Се надеваме дека тоа ќе биде голем настан за ООН, заклучи надбискупот Ауза.

РВ/В.Н.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот