Папата Фрањо: Бенедикт XVI е голем Папа

Во понеделник 27 октомври 2014 година, по повод поставувањето на бистата во чест на папата Бенедикт XVI во Папската академија на науките, папата Фрањо се обрати на присутните членови од академијата, сеќавајќи се на духот на „милиот папа Рацингер“, на неговото учење, пример, дела и лојалност на Црквата. „Тој дух“ – рече Светиот Отец Фрањо – „далеку од тоа да пропаѓа со текот на времето, туку наспротив нараснува сé поголем и појак од генерација на генерација“.

Папата Фрањо повеќе пати истакна како почесниот Папа е „голем Папа“ и објасни дека е „голем заради силата и интелигенцијата, голем заради неговиот значаен придонес за теологијата, голем заради неговата љубов за Црквата и сите луѓе; голем заради неговата доблест и религиозност“. На крајот од шестата пленарна седница на академијата, Папата Фрањо се заблагодари на членовите од академијата за нивниот придонес во научниот напредок, како би се подобриле условите за човечкиот живот – особено за најсиромашните.

Осврнувајќи се на темата од штотуку завршената пленарна седница, поимот за еволуцијата на природата, Папата потсети како Бог кога го создаваше светот не е волшебник со магично стапче, туку создаде живи суштества кои се развиваат според внатрешниот закон кој Создателот го всади во секое создание. „Големиот удар, кој се поставува на почетокот на светот, не противречи на божественото создавачко дело, туку е потребен за самиот чин. Еволуцијата во природата не ја искривува идејата на создавање, затоа што со еволуцијата се мисли на создавањето живи суштества кои се развиваат (еволвираат)“ – истакна Папата.

Зборувајќи за човекот, Папата нагласи дека представува новост, затоа што Бог со дарот на слободата му дава посебна автономија. На човекот му дава, му ја доверува власта и одговорноста за сѐ што е создадено. На научниците – а особено на христијаните кои се научници – им е дадена задача да ја испитаат (истражат) иднината на човештвото и земјата, како би ги зачувале и остраниле опасностите кои се закануваат – како за животната средина – така и за човекот. „Колку и да се ограничени, човечките дела соучествуваат во Божјата моќ и затоа човекот може да изгради соодветен свет за неговиот двоен, телесен и духовен живот; да изгради хуман свет за сите луѓе, а не само за некоја привилигирана група или класа“ – рече папата Фрањо.

Меѓутоа, Светиот Отец предупреди дека човечките дела – кога неговата автономија ќе стане спротивна на слободата – „го уништуваат создаденото и човекот се става на местото на Создателот, а тоа е тежок грев проти Бога.“ На крајот од својот говор, Папата поттикна и понатаму да се собираат за такви цели и да продолжат да работат и да остваруваат теоретски и практични иницијативи во корист на луѓето, додека на новите членови од Папската академија на науките им препорача пријатни одбележување за припадноста на оваа институција.

РВ/З.А.

Категорија: Ватикан

За авторот