Мајка Тереза: Да се љуби до болка

Ќе ви зборувам за едно чудо, за фактот дека лепрозните родители раѓаат потполно здрави деца. Пред да се роди детето, родителите ги подготвуваме еден ден со храброст да ни го доверат своето дете. Станува збор за неизбежно откажување за доброто на детето.

Не можат ниту да го бакнат, ниту да го нахранат. Ние се грижиме за детето. Еднаш забележав еден татко и мајка како со денови го гледаат своето дете кое спиеше меѓу нив. Го гледаа тоа мало битие, нивните раце би се испружиле кон детето, но веднаш се повлекуваа, сакаа да го бакнат, но не се осмелуваа. Едноставно не можам да ја заборавам таа родителска љубов.

Го зедов детето и оддалечувајќи се ги гледав неговите родители. Детето го свртев кон нив и тие го следеа со погледот сѐ додека не им се изгубив од погледот. Каква болка, каква агонија на тие две човечки битија!

Срцето боли кога се напушта своето дете, но ако се сака повеќе од себе…

Тие можат да го гледаат неговото растење, но не смеат да го допрат. За да не се зарази и нивното дете од лепра се бара голема жртва од лепрозните родители.

к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Сведоштва, Свет

За авторот