Светскиот ден на младите е порака на Европа во пламен

Папата Фрањо во среда попладне ќе слета на аеродромот во Краков за да го отвори 31-от Светски ден на млади. Илјадници млади луѓе се веќе присутни во градот на свети Иван Павле II. Краков зрачи со радост и братство, за разлика од насилствата и терористичките напади кои ја зафатија Европа.

Кога станува збор за одржувањето на Светскиот ден на младите во Краков, отец Грегор Сучодолски, генерален секретар на Организацискиот комитет за Светскиот ден на млади, рече дека кардиналот Станислав Џивиш, кога го предложил Краков за Светски ден на младите, ја исполнил желбата на светиот Иван Павле II.

Краков не е голем како Рио де Жанеиро, Буенос Аирес, Торонто или Рим. Тој е мал град за таков голем настан, затоа моравме да одиме во приградските подрачја, далеку од урбаните центри. Тоа од една страна создава логистички проблеми, но од друга страна пак на многумина и на парохиите им овозможува одговорно да учествуваат на настанот. Сите со задоволство ја прифатија оваа одговорност, бидејќи сакаат да се заблагодараат за даровите кои ги примиле преку посредништво на светиот Иван Павле II – истакна генералниот секретар.

На забелешката дека овој е посебен Светски ден на младите, бидејќи се одржува во Годината на милосрдието, рече дека Краков не е само град на светиот Иван Павле II, туку и на света Фаустина; градот е центар на светската побожност на Божјето милосрдие. Кога слушнавме дека папата Фрањо го избрал Краков, веднаш помисливме дека темата ќе биде Божјето милосрдие. Потоа следуваше дарот на Светата Година, а сега Главната порта е изградена во Кампот на милосрдието. Светиот Отец, држејќи за рацете шестмина млади од шест континенти, ќе помине низ Портата на милосрдието. Тоа е многу симболично – забележа отец Сучодолски.

Осврнувајќи се на терористичките напади во Европа, рече дека сите трпиме заради случувањата во Европа и светот. Сакаме Краков да биде одговор: каде е насилството, таму е и милосрдието. На младите и на идните генерации сакаме да им ја пренесеме оваа порака: светот не е создаден од луѓето, туку пред сѐ од Божјата љубов, излеана на нас преку дарот на милосрдниот Исус Христос. Младите, доаѓајќи овде, во Краков, во Кампот на милосрдието, на сцената, ќе го почувствуват погледот на милосрдниот Исус. А ние сакаме, гледајќи го милосрдниот Исус, како свети Тома, да ги допреме неговите рани со цел да си го спасиме сопствениот живот и да добиме внатрешен мир. Тоа е пораката на Светскиот ден на младите – заврши отец Сучодолски.

РВ/З.А.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Свет

За авторот