Празник на Пресветата Евхаристија

Празникот на Телото и Крвта Господови е едно надополнување, ако може така да се каже, на Последната Вечера прославена од Исус со неговите апостоли пред да биде мачен.

На овој Велики Четврток нашето внимание веднаш е пренасочено од болните настани на Господ заради кои речиси ја занемараме големината на примениот дар: Неговата присутност во светотаинските знаци на лебот и виното. Но од друга страна Тој самиот им беше рекол на своите ученици: Нема да ве напуштам… и во говорот за лебот на животот беше рекол дека некои ученици ќе се повлечат да не го следат, бидејќи беше рекол: Ќе ви дадам да го јадете моето тело и да ја пиете мојата крв!

Иако тешко е да се поверува, Исус силно нагласува: Кој нема да го јаде моето тело и не ја пие мојата крв, нема да има живот вечен. Тешки беа овие зборови за некои ученици, но Исус не ги ублажи своите реченици. Стануваше збор за неговото тело и крв, а не за нешто слично или аналогија.

Литургијата нѐ придружува со појавувањето на свештеникот Мелхиседек, кој нуди леб и вино и голем благослов за Авраам, додека Авраам нему му дава десетина од сѐ што поседува. Посланието до Евреите, глава 7, ја развива примената за Христовото свештенство. Свети Павле, пишувајќи им на Коринтјаните вели дека тоа што го научил за Господовата вечера, тогаш и ја примил. Може да се запрашаме: Од кого? Од самиот Исус или од апостолите? За нас тоа не е важно. Нас нѐ интересира да знаеме дека Светата Литургија се славела од самите почетоци на христијанството во согласност на заповедта добиена од Господ Исус.

Свети Лука го става во однос умножувањето на петте леба и двете риби со евхаристиската жртва во која се посветува лебот за задоволување на нашата духовна глад за Исус. Важна заповед од Исус: Дајте им вие да јадат!

Во неспособноста на човекот во набавувањето на вистинската духовна храна за душите, интервенира самиот Тој, дури и денес, користејќи ја личноста на свештеникот кој во свое име и во името на вечното свештенство, ги повторува истите зборови изговорени од Него на последната Вечера: Земете и јадете сите: Ова е моето тело кое за вас се предава… Земете и пијте сите: Оваа е чашата на мојата Крв, за новиот и вечен завет, која за вас се прелива за опростување на гревовите. Правете го ова на мој спомен: Кога учествуваме на светата Евхаристија, треба да се потрудиме да гледаме со вера и разум, во свештеникот кој служи да се види самата личност на Исус! Ние не го гледаме физички, не можеме да го утврдиме Неговото присуство, но токму затоа веруваме дека е таму, жив и кој делува за спасение на сите луѓе.

Побожното учествување на верниците во разните манифестации организирани во парохиите во чест на присутниот Исус во Евхаристијата го покажува значењето на нашето побожно „благодарам“.

Collegiosanpaolo.it/З.А.

Категорија: духовнитекстови, Свет

За авторот