Папата подари респиратори на Бразил

Папата подари респиратори на Бразил

Папата Фрањо повторно подари респиратори, овој пат на Бразил.

Во пандемијата со коронавирусот, Папата повторно подари респиратори овој пат на различни бразилски болници, соопшти Апостолската милостилница. Станува збор за апарати од германската компанија Градер, а во склоп на донaцијата се и шест ултразвучни апарати.

Апостолската милостилница во соопштението се заблагодарува на италијанската хуманитарна организација „Hope Onlus”, која наголемо придонесе за проектот. Со тоа се подолга е листата на помош во име на Папата во време на пандемија.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот