Крстниот Пат на Копакабана против злото во светот

Рио де Жанеиро, 26.7.2013 /к.мк/ – Плажата Копакабана ќе биде сцена на Крстениот Пат, кој се одржува во петокот вечер, 26 јули. Папата Фрањо ќе пристигне во 17 часот по локално време (22 часот средноевропско) и по обиколката со папамобилот ќе го заземе своето место на централниот подиум. Тринаесете постојки распоредени во должина од 900 метри по крајбрежјето Вијале Атлантико, а четиринаесеттата се наоѓа на централниот подиум каде ќе биде и Папата.

На централниот подиум заедно се папата Фрањо ќе бидат уште 1.500 лица меѓу кои бројни лица со инвалидитет. Крстниот пат може да се следи истовремено во различни делови на градот благодарение на монтираните огромни екрани. Музиката ќе биде изведена во живо од страна на симфонискиот оркестар, кон кого ќе се приклучат и поп изведувачи. Вкупниот број на учесниците во процесијата на Крстени Пат ќе биде повеќе од 500 млади верници. Процесијата ќе трае околу еден час и петнаесет минути.

Медитациите на Крстениот Пат засегаат актуелни прашања за младите и проблемите што го мачат современото општество. Секоја постојка говори за тема која директно влијае врз младите: мисионерството, обраќањето кон верата, самохраните млади мајки, семинаристите, религијата во заштита на животот, сопрузите, постраданите жени, студенти, социјалните мрежи, младите затвореници и пастирската дејност во затворите, смртта кај младата популација и младите од целиот свет. Сето тоа ќе биде реализирано од страна на 280 уметници и волонтери не само од Бразил, туку, исто така и од Порто Рико, Мексико, Аргентина, Германија и САД.

Сите теми се претставени на позадина „на древниот Ерусалим, во една типична процесија од шеснаесети век“. „Крстениот Пат – наведува уметничкиот директор Равел Кабрал – беше замислен да дијалогизира со младите. На кој начин болниот пат на Христос во Ерусалим влијае денес на младите со сите нивни проблеми? Тоа е пат кој повикува кон солидарност. Не станува збор само за потсетување на проблемите, туку да се охрабрат младите да преземат солидарни и христијански иницијативи“.

За време на секое запирање ќе има изненадување, посочува, уметничкиот директор, „кое ќе го направи поспецијален и секого ќе поттикне да ја осмисли пораката што ја упатува. Од суштината на Крстениот Пат, кое е страдањето на Исус на крстот и страдањето на современата младина до импресивни сцени и придружба на симфониски оркестар“.

Во текот на годините, за време на СДМ, Крстениот Пат се развиваше многу. Овој развој не се однесува само до сценографијата на процесијата, која на секоја средба станува импозантна со сцените, музиката и учеството на бројни уметници и волонтери. Тој се збогати пред сè со висока духовна содржина и во последните СДМ стана централен момент на прославата, бидејќи побудува кај сите присутни силни емоции и благородни побожни чувства. (В.Н.)

Категорија: Uncategorized

За авторот

Write a Comment

<