Божиќен концерт во Католичката црква во Битола

Божиќен концерт во Католичката црква во Битола

Католичката парохија „Пресвето Срце Исусово“ – Битола и Здружението на Хрвати во Република Македонија – огранок Битола на 26 декември 2023 година со почеток во 18.00 часот организира Божиќен концерт во Католичката црква „Пресвето Срце Исусово“ во Битола.

На концертот ќе настапи Мешан хор при КУД „Стив Наумов“ од Битола под диригентска палка на професор Лилјана Трајковска Димовска. Влезот е слободен.

Претходно во 17.00 часот бискупот Стојанов ќе служи света Литургија.

к.мк

Категорија: Uncategorized

За авторот