Кардинал Скола ќе го предводи јубилејот во Ниш
Ниш 25.7.2013/к/мк/ – Централната прослава од страна на Католичката црква за јубилејот на Миланскиот едикт ќе биде од 20 до 22 септември во Ниш. Миланскиот архиепископ, кардинал Анџело Скола, официјален пратеник на папата Фрањо, на 19 септември доаѓа во Белград, каде меѓу другото, ќе се сретне со патријархот на СПЦ Иринеј. Во Ниш кардинал Скола ќе го предводи Крстниот пат низ градот, како спомен на крстот кој мајката на цар Константин го пронашла во Ерусалим. Тоа ќе биде сеќавање на визијата за крстот која Константин ја имал пред битката на Милвискиот мост во Рим во 312 година. Завршната прослава ќе се одржи на градскиот стадион Чаир. Од 14 септември, на празникот Возвишение на светиот Крст, историската Католичка црква Возвишение на светиот Крст во Ниш ќе биде повторно осветена. Кардиналот Скола во таа црква во недела на 22 септември ќе слави свечена света Литургија. Католичките епископи од регионот во текот на оваа Јубилејна година сакаат да го истакнат значењето на христијанската присутност на Балканот, како и да ги поттикнат христијаните од странство на поколонение во Ниш, јавува Радио Ватикан. (Б.У)