Бискупот Стојанов служеше света Литургија во Петралинци

Бискупот Стојанов служеше света Литургија во Петралинци

На празникот Свети Кирил и Методиј, 24 мај 2021 година, Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх, монс. Киро Стојанов служеше света архиерејска Литургија во паохиската црква „Свети Кирил и Методиј“ во Петралинци, а по повод патрониот празник. Покрај епископот Стојанов на светата Литургија сослужуваа о. Марјан Ристов, бискупски канцелар, о. Гоце Костов и о. Горги Појразов, а на Литургијата присутни беа и сестри Евхаристинки од Скопје, Струмица и Радово.  За време на светата Литургија беа изложени и моштите на свети Кирил.

Во својата проповед епископот Стојанов најпрво ги поздрави присутните свештеници, чесни сестри и верници и ја искористи можноста да го честита именденот на оние кои што денес го слават како нивен заштитеник.

Зборувајќи за празникот на светите браќа Кирил и Методиј епископот Стојанов постави реторичко прашање: Дали би можеле денес ние буквално да го продолжиме нивното дело? Потоа преку заедничко размислување се обиде да даде одговор при што истакна: Замислете тие живееле во време кога најмоќното Римско царство во историјата се наоѓа на прагот на исчезнување, на распаѓање. Во Римската империја се случиле големи миграци. Тој истакна дека со таа миграција биле зафатени и словенските народи. Во допирот со тогаш веќе некои народи кои според христијанството ја сочувале Римската цивилизација, но целосно обновена со христијанскитете вредности биле и Словените, кои се нашле соочени со раѓањето  на таа нова христијанска цивилизација. Светите браќа се охрабриле да отидат во непознато, знаејќи нешто малку за тие словенски народи, отишле да ги приближат на најновата грчко-римска цивилизација. Биле вооружено со две работи: Светото Писмо и јазик разбирлив за сите. (…) Па така светите браќа низ многу згоди и незгоди, кои ни се познати, стануваат апостоли меѓу словенските наорди – истакна бискупот Стојанов.

Ситуацијата со Римското царство епископот Стојанов ја поврза со христијанската цивилизација во Европа и со жалост рече дека христијанската цивилизација во Европа е на заоѓање.

Цитирајќи еден говор од Светиот Отец папата Фрањо дека Европа е старица, неплодна и неспособна за раѓање и се надоврза на книгата на почесниот папа Бенедикт XVI со наслов „Последни разговори“ во која зборува за тоа дека христијанството во Европа се гаси. Но тој не е песимист и не е маловерен – рече монс. Стојанов. Тој буди надеж, која во оваа прилика епископот Стојанов ја сподели со присутните, поставувајќи си го прашањето: Дали ние можеме да го продолжиме делото на Светите Браќа. Неговиот одговор беше сигурно и големо ДА.

Понатаму епископот Стојанов праша: Во што се состои темелот на нашата надеж дека сепак ќе успееме. Токму во фактот што светите Кирил и Методиј биле браќа – рече монс. Стојанов. Нашата христијанска сила и покрај фактот што сме мали е во тоа што сме браќа. Понатаму во поглед на новата евангелизација бискупот Стојанов истакна дека сите модерни комуникациски средства не смеат да бидат за нас страв, туку средство за евангелизација.

Епископот Стојанов ја зварши проповеда со следните зборови. Драги браќа и сестри, собрани на оваа прослава, на нашите небесни покровители и заштитници чии што ученци всушност организирале црковност во Македонија да се охрабриме и да одговориме на Бога за тоа што од нас очекува да бидеме навестители на новата еавнгелизација. Голем е тој чекор, но во заедништво на автентичен живот на живеење во љубовта можеме да бидеме евангелизатори. Нека на тоа нѐ поттикнува примерот на светите браќа, а со своето застапништво нѐ помагаат пред Господа Бога.

Кон крајот на светата Литургија епископот Стојанов ги благослови брачните парови  Коста и Бисера Узунови и Васе и Олга Чакиовски, посакувајќи им да останат верни на брачната љубов.

Светат Литургија заврши со почитување и поклонување пред моштите на свети Кирил.

Категорија: Uncategorized

За авторот