Кардинал Пел ослободен од обвиненијата

Кардинал Пел ослободен од обвиненијата

По 13 месеци затвор и неосновани обвнувања, 78 годишниот австралиски кардинал Џорџ Пел во вторник 7 април 2020 година со едногласна одлука на Австралискиот врховен суд ги поништи претходно донесените пресуди и е ослободен од обвиненијата за сексуално злоставување.

Изјавата на кардинал Пел ја пренесе CathNews, која ја пренесуваме во целост.

Постојано тврдев дека сум невин, а истовремено страдав заради големата неправда. Тоа денес е поништено со едногласна одлука на Врховниот суд. Со задоволство детално ќе ја прочитам пресудата и причините за одлуката. Немам никави зли мисли кон мојот тужител, не сакам мојата ослободителна пресуда да внесе болка или горчина во нечии чувства, затоа што е очигледно дека болка и горчина има премногу.

Како и да е, моето судење не беше референдум за Католичката црква, ниту пак е референдум за тоа како црковните власти во Австралија ги решаваат злосторствата на педофилија во Црквата. Поентата е во тоа што дали јас направив или не направи такво гнасно зло дело, а не сум. Долгорочно само вистината ќе лекува и единствен темел за правда е вистината, затоа што правда значи и вистина за сè.

Посебно се заблагодарувам за сите молитви и писма со поддршка. Сакам посебно да се заблагодарам своето семејство за нивната љубов, помош и за сè она низ што поминаа, мојот мал тим советници, оние кои зборуваа за мојата одбрана и заради тоа страдаа, на сите мои пријатели и оние кои ме поддржуваа, од Австралија или надвор од неа.

Исто така моја искрена благодарност на целиот мој адвокатски тим, за нивната непоколеблива одлучност да надвладее правдата, да се фрли светло на произведената темнина и да се открие вистината.

На крајот свесен сум за моменталната здравствена криза. Се молам за оние кои се погодени и за медицинските лица кои се на правата линија.

Кардинал Џорџ Пел

к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот